27 Април, 2024
0.2534

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови инциденти во училишта во Србија, во Македонија поплаки за дете кое во скопско училиште носело нож

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

ПОВТОРНО ИМАШЕ ИНЦИДЕНТИ ВО УЧИЛИШТА ВО СРБИЈА

Ученичката која денеска со нож повреди дете и наставничка во училиште во Белград е сместена на психијатрија. 

Петнаесетгодишното девојче кое денеска предизвика инцидент во училиштето „Руѓер Бошковиќ“, е сместено на преглед во психијатриска установа, пишува Танјуг. Таа и претходно имала психички проблеми, а пред неколку месеци била исфрлена од споменатото училиште. Момчето и наставничката се здобиле со полесни повреди и двајцата веднаш се примени во болница.  Денеска имаше инцидент и со друго дете од 9 години кое имало список за отстрел во белградско училиште, а деца во Обреновац со пластичен пиштол го имитирале масакрот од вчера. 

МОМЧЕ ВО БОСНА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ НАПРАВИ МАСАКР ВО УЧИЛИШТЕ

Момче во босанскиот град Бихаќ се закани на социјалните мрежи дека ќе изврши слично убиство како она што вчера се случи во Белград во Србија. 

Се работи за младо момче кое е поранешен ученик во мешовитата гимназија Бихаќ.

„Тоа момче кое уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвувам такво нешто за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незаборавен масакр во Бихаќ, се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегавате, поради тоа ќе има терор“, напиша тој на социјалните мрежи.

По ова следеше соопштението од Мешовитото средно училиште.

ПОПЛАКА И ЗА СКОПСКО УЧИЛИШТЕ

Родители чии деца учат во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Скопје бараат решение за проблематичен ученик.

Велат дека детето носи нож во училиште и ги малтретира останатите ученици. Од училиштето во изјава за МИА велат дека се преземаат сите законски мерки и дека во целиот процес се вклучени наставниот кадар и стручната служба. Вклучени се и останатите институции (Општина Аеродром, Педагошката служба при МОН, МЦСР, МВР, ДПИ).

ОТПОВИКАН АМБАСАДОРОТ ОД ЧЕШКА

Oд Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека повлекувањето на амбасадорот од Прага, Сашко Тодоровски претставува долг процес кој е воден од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатирале бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои биле поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.

СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и народен херој Гоце Делчев(1872-1903), официјална партиска делегација на Левица на највисоко ниво, предводена од претседателот – проф. д-р Димитар Апасиев и раководителката на АФЖ – Весна Кираџиева, го посетија некогашното село Баница (Серско, Егејска Македонија) – местото на загинувањето и местото на првиот гроб на Војводата, учителот и апостолот на македонската народно-ослободителна борба.

„Ако денес Република Северна Македонија тврди дека ги следи заветите на Гоце Делчев, зошто таа е најде сила да ги вклучи во својот Устав неговите сонародници, за чија слобода го жртвуваше својот живот! Верувам дека порано или подоцна ќе се најдат далекувидни политичари кои заветите на Гоце Делчев ќе ги претворат во дела“.

Ова го рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, во својот говор во градот Гоце Делчев за време на чествувањето по повод 120-годишнината од смртта на револуционерот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По големата трагедија што вчера се случи во едно од најуспешните основни училишта во Белград, „Владислав Рибникар“, при што 13-годишниот Коста Кецмановиќ застрела осум свои соученици и работникот од обезбедувањето, но рани и уште шест ученици и наставничката по историја, Фактор побара одговори од психологот и психотерапевт, доц. д-р Весна Блажевска, во однос на тоа што може да биде толкав голем тригер за едно дете да направи вакво монструозно злосторство. Според неа, булингот и меѓуврсничкото насилство се фактори кои имаат клучна улога за вакво нешто.

Енергетската криза го поттикна домашното производство на електрична енергија, но сепак не е доволно да го врати производството на ниво од пред десет години. По значителниот пад на производството кое од година во година се намалуваше, минатата година за прв пат има раст на производството.

Мермерен комбинат Прилеп менува газди, но не ја менува формата. И годинава за само сто дена направи профит од 2,2 милиони евра односно просечно дневна добивка од 22.000 евра. 

Само во првите четири месеци од годината Влада одзеде десетина лиценци на компании за одгледување на канабис за медицински цели. Се работи за зачестена појава во изминатиот период, ако се знае дека претходно можеше да се случи една-две компании за одгледување на канабис да престанат со работа во текот на годината.

На возраст од 5 или 6 години децата се спрeмни да почнат да се учат да штедат. Психологот Радмила Манчевска  вели дека предучилишната или училишната возраста е период кога децата треба да бидат свесни за вредноста на парите. Како што објаснува таа, децата најчесно учат преку примери.

Ќе биде ли општина Аеродром првата македонска локална власт што ќе издаде општинска обврзница и на тој начин ќе обезбеди пари за бројни проекти од интерес за граѓаните?

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир