06 Мај, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обезбедени се снимки од видео надзор за расветлување на двојното убиство во Скопје

Објавено во: Македонија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

СЕ СОБИРААТ ДОКАЗИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Повторно се огласи обвинителството за случајот со двојното убиство вчера во Скопската Чаршија. 

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено.

По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени. Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот.

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА СОПСТВЕНИКОТ НА ДОКАЗ М

Новинарките на „Фокус“ Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, по денешното рочиште против сопственикот на „Доказ М“  Марјан Стаменковски, кој е обвинет за повеќе кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци, порачаа дека е крајно време е да се знае кои се новинари, а кои се натрапници во професијата и рекетари, пренесе Фокус.

Како што е познато, на ова судење кое почна денеска, обвинителката Зорица Павловиќ побара, а судијката Марија Клетничка одлучи јавноста да биде исклучена од почетокот до крајот на главната расправа, бидејќи на неа ќе се изнесуваат лични детали од животот на оштетените. Покрај двете новинарки на Фокус, во судницата се појавија уште четворица оштетени сведоци. 

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАД 50.000 ДЕНАРИ

Од Сојузот на Синдикати на Македонија попладнево со објава за месечните трошоци на домаќинствата. Тие потенцираат дека цените неоправдано растат и дека се осиромашуваат работниците. 

- Неоправданото зголемување на цените дополнително ги осиромашува работниците и граѓаните додека алчните газди и компаниите профитираат од таквите неоправдани, нелогични и нечовечки зголемени цени, што се рамни и со кражба на платите на работниците и време е таквите алчни газди да сносат одговорност. 

Нивните огромни профити ја подгреваат инфлацијата, а не платите на работниците со кои одвај се преживува тековниот месец.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Директорот на Судска медицина, д-р Александар Станков во изјава Фактор потврди дека обдукцијата на телата на двете застрелани лица во скопската Чаршија е целосно завршена.

По долг период пауза, на Берзата конечно се случи блок трансакција. Предадени се и откупени близу 33 отсто од акциите на компанијата, или една третина од оваа охридска превозна фирма. 

Првите „кокичиња“ за периодот што означува делење дивиденди на вложеното на нашиот пазар се повторно докажаните компании со висока корпоративна одговорност „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“. Годинава дополнително својот добар имиџ го подобри и ТТК Банка зашто во првите три излезе со конкретна понуда за дивиденда

Минималниот раст на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал од минатата година е одраз на домашната економија, која е под силен удар од неповолните геополитички случувања, но и од домашните превирања.

ТЕЦ Неготино годинава ќе купува мазут во вредност од 210 милиони евра, според финансискиот план за 2023 што го објави термоелектраната. Трошокот ќе биде за повеќе од двојно поголем во однос на минатата година.

Освен Скопје, Охрид, Струга, Дојран и Гевгелија е еден од најпосетуваните градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува