06 Мај, 2024
0.0318

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Петков вели дека иднината на Македонија мора да биде во ЕУ - можно ли е да го тргне ветото?

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

ПЕТКОВ ВЕЛИ ДЕКА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ВО ЕУ

Решив дека иднината на Македонија и на Албанија мора да биде во ЕУ, тоа е добро за регионот, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков за романска телевизија. 

Петков по средбата со државниот секретар на САД, Блинкен, решил дека Македонија заедно со Албанија, сепак мора да биде во ЕУ, наспроти отворените прашања кои постојат на релација Скопје-Софија.

„Ако поради тоа падне Владата, тоа не е моја одговорност. Не можам да бидам одговорен за ништо во тој случај, а секако дека со Македонија имаме уште многу отворени прашања“, рече Петков во интервју за романска телевизија.

АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА КОСТА ПЕТРОВ

Антикорупциска комисија отвори предмет против Коста Петров, поранешниот директор на ФИТР. 

Против Коста Петров, поранешниот директор на Фондот за иновации, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет во врска со доделените средства за издавачката куќа „Три“. Оваа издавачка куќа беше издавач на сите негови книги. Во ДКСК добиле анонимна дојава. 

НА ГРУЕВСКИ ДОБРО МУ ОДИ БИЗНИСОТ ВО УНГАРИЈА

Компанијата на eкс премиерот Никола Груевски во Унгарија за пет месеци пријавила добивка од 10.000 евра. 

Компанијата на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 2018 избега во Унгарија и таму ја основа, за само пет месеци работа пријавила нето добивка од 10.000 евра, пренесуваат унгарските медиуми.

ХЕРСОН САКА ОБЕДИНУВАЊЕ СО РУСИЈА

Раководството на регионот Херсон ќе апелира до рускиот претседателот Владимир Путин да го прими Херсон во рамки на Русија.

Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на заменик-шефот на Регионалната воено-граѓанска управа (ВГА) Кирил Стремусов.

Претходно беше објавено дека Херсонската област има намера да се интегрира во Русија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На интернет има многу огласи каде граѓаните бараат дополнителна работа. Тие наведуваат какви квалификации и работно искуство имаат, а бараат да работат дополнителна работа по 16 часот или за викенди.

Една од најголемите градежни компании Баеуер БГ за помалку од четири години по трет пат добива негативна референца објавена од Бирото за јавни набавки и е суспендирана од можноста да учествува на пријавените тендери. Негативната референца ќе трае половина година, според новите законски измени со кои се скратува претходниот рок од година дена, и ќе важи од 5 мај до 5 ноември 2022.

Најголемите компании чии акции котираат на берзата со своите финансиски извештаи ги охрабрија инвеститорите на домашниот пазар на капитал. Акциите на големите банки и понатаму ќе бидат вложување број еден исто како и фармацевтските акции и тие на големите трговци со нафта. Добри резултати има телекомуникациската услужна индустрија, челичната индустрија, по традиција и најголемата компанија за вадење мермер

Неколку месеци наназад се намалуваат девизните резерви на земјава.

Податоците на Народна банка на Македонија говорат дека само во првите четири месеци од годинава девизните резерви на државава се „стопиле“ за 403 милиони евра.

Последната варијанта на корона вирусот, омикрон, мутираше во стелт омикрон, а сега научниците говорат и за новите видови омикрон 4 и омикрон 5. Сосема исто како што беше случајот со омикрон кој прв пат се појави во Јужна Африка, и најновите варијанти, повторно се присутни прво таму, но Европската агенција за лекови иако потврдува дека епидемиолошката состојба со корона вирусот во моментов е стабилна, пандемијата се уште не е завршена.

Најголемата потрошувачка на природен гас во Македонија била регистрирана во текот на зимските месеци, покажуваат податоците на Регулаторна комисија за енергетика во нивниот редовен годишен извештај. Податоците говорат дека има зголемена потрошувачката на природен гас во земајва во текот на изминатата година во споредба со просекот од претходните години.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје