18 Мај, 2024
0.0794

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар

Објавено во: Македонија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР

На свеченоста по повод почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, кој е дел од Коридорот 8 присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски како и многубројни министри други истакнати функционери.

Автопатот ќе го гради конзорциумот Бехтел и Енка.

Американската амбасадорка денеска зборуваше на македонски јазик, на свеченоста која се одржа по повод поставувањето на камен темелникот на Коридорот 8. 

Според неа, ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко, и ова е посебен ден за нашата држава. 

„Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи“, рече Агелер.

Со гео-стратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот така и пошироко, а тоа ќе донесе нови и големи инвестици, верува премиерот Ковачевски. 

МАРЈАН ОД ДОКАЗ М ДОБИ ЗАТВОРСКА КАЗНА

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ“, доби казна затвор од три години и еден месец за пет кривични дела, а исто така и неговата веб-страница ќе биде затворена.

Едногодишните казни за делата уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и уцена му се сублимираат во три години и еден месец првостепено.

РАШКОВСКИ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД РУСКОВСКА

Поранешниот генерален сектретар на Владата, Драги Рашковски денеска повторно се обрати на јавноста со свое писмо со кое бара извинување од сега веќе суспендираната обвинителка Вилма Рускоска. 

Тој во своето обраќање потенцира дека случајот против него наречен „Софтвери“ е отворен со цел Рускоска да напредува во својата кариера и да обезбеди подобро работно место за нејзиниот внук. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нема прецизна информација за тоа колку менаџери ги уживале овие „краткорочни користи“, а нивниот број може да биде тројца (членовите на Управниот одбор), но може да биде и поголем од 30 лица. 

Македонските граѓани кои работеле во странство, но и од агенциите кои носат работници во други земји, велат дека нашинците таму се попродуктивни, поoдговорни кон работата, затоа што во спротивно ризикуваат да бидат казнети или да го изгубат ангажманот.

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на Владата. Претходно и други произвoди добија „плафон“ меѓу кои и лебот, макароните, јајцата, оризот... Одлуката за замрзнување на цените дел од економистите сметаат дека била нужна и дека истата иако нема да го подобри животниот стандард на граѓаните веднаш, но барем ќе спречи понатамошно влошување.

За повеќе од една четвртина. Толку компанијата на семејството Накови лани ја зголемила својата добивка во однос на претходната, 2021 година.

Координатори, директори, претседатели, секретари. Тоа се новите фунцкии кои ги измислила Владата во последните години, а кои сега ќе добиваат уште поголема плата со одлуката на Уставен суд со која се укинаа законски членови со кои изминатите години се одредувал одреден фиксен износ кој служел како основа за определување на платите на функционерите. Сега, останува во сила член 11 од истиот закон според кој, како основица се зема просечната плата исплатена во минатата година според Државниот завод за статистика, а којашто е значително повисока од фиксниот износ.

Првиот момент на сознанието дека имаат дете со аутистичен спектар е многу болен за родителите, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, кој е и дел од тимот на Заводот за ментално здравје кај децата „Младост“ во рамки на Здравствен дом Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање