19 Мај, 2024
0.0327

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работната група за уставни измени одржа седница, Маргарита Цаца Николовска избрана за претседател

Објавено во: Македонија 26 Април, 2023

Добивај вести на Viber

МАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА Е ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Работната група за подготовка на предлогот за уставни измени ја одржа првата уставна седница, за нејзин  претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За потпретседател е избран Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. .

Предлагач на статутарните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. Работната група ќе има задача да го подготви предлогот за иницијативата за потребата од промена на Уставот. По изготвувањето на предлогот, ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја достави иницијативата до Собранието. Предлозите ќе поминат од сите работни тела во рамките на Собранието.

РОДИЛКАТА ОД БИТОЛА ЧИЕ БЕБЕ ПОЧИНА ТВРДИ ДЕКА НЕМА ОТПУСНО ПИСМО

Родилката од Битола, Марија Крстеска, чие бебе почина на 10 април, само два часа по породување, на својот Фејсбук профил напиша дека нема отпусно писмо и по 12 дена откако била пуштена дома.

„Во која нормална држава, со нормални услови и КАДЕ ШТО ПАРТИИТЕ и "Ко је јачи у парама" не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А ИСТОТО ТРЕБА ДА Е ВЕДНАШ, КОГА СИ ОДИШ ОД БОЛНИЦА!!!

Ете јас после 12 дена СЕУШТЕ немам отпусно писмо.

ЈАВНОСТА ВО СРБИЈА Е БЕСНА ОТКАКО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЦАРСКИ РЕЗ

Вработената во српската болница „Народни фронт“ која снимала жени за време на операција и директно емитуваше вршење царски рез од операциона сала, се исклучила од социјалните мрежи.

Пред да се исклучи, објаснила зошто снимала. 


Видеото е создадено ненамерно. Во ноќната смена, сите сме свесни дека употребата на мобилни телефони е забранета во салата, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот потпрен на држачот за ракавици, несвесна дека камерата е вклучена и се емитуваше во живо на Тик Ток. Пред повикот во салата, го гледавме Тик Ток и тоа беше последното нешто што остана. Од снимката се гледа дека никој во салата не знаел дека од телефонот се емитува во живо. Видеото е создадено спонтано“, рече таа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Како да се направи нешто поразлично и да се покрене економијата, како до идеја за нешто поинаку, но и упорност при реализацијата и покрај неуспесите. Отстранување на корупцијата од сите државни и владини тела и нејзино елиминирање. Ова се мал дел од советите на панелистите кои земаа учество на денешниот Самит на Македонија 2025.

Профитот на најголемата банка за првите три месец во најголема мерка се должи на силниот раст од приходите од камати и тоа во комбинација со намалените трошоци за резервации на пласмани

Фактор анкетираше повеќе граѓани, при што сите го делат ставот дека наместо државата да увезува работници од странство, треба на пазарот на труд да се активираат луѓето кои долги години се невработени и се во евиденцијата на Агенцијата за вработување.

Единствената државна компанија за пренос на природен гас АД Номагас, што започна со работа на почетокот на оваа година, во 2023 ќе стартува со буџет од 4,176 милијарди денари, или околу 68 милиони евра.

Акцијата на „Адинг“ уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со акцијата на многу поголемата компанија од градежната оператива. Затоа што акцијата на „Адинг“ носи принос од 4 отсто на последната пазарна цена. Со овој принос акцијата е многу конкурентна и на банкарските камати за депозити и штедни влогови. Особено затоа што „Адинг“ има беспрекорна и континуирана дивиденда историја


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“