18 Мај, 2024
0.0747

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Скринингот ќе заврши за 16 месеци, во Источна Македонија беснеат пожари

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

СКРИНИНГОТ ЌЕ ЗАВРШИ ЗА 16 МЕСЕЦИ

Нема да се менува унилатералната изјава која Владата ја достави до ЕУ пред два дена во Брисел.

Ова е одлучено по консултациите во Министерството за надворешни работи(МНР). Претходно, голем дел од експертската јавност, МАНУ, видни лингвисти и македонсти реагираа дека истата не го штити историскиот континуитет на јазикот.

Македонија пред два дена го започна таканаречениот скрининг процес пред преговорите со ЕУ. За скринингот Унијата предвидува 14 до 16 месеци, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Скринингот е поделен на кластери, а тие би требало да бидат отворени по летните одмори. Во постапката Македонија ќе биде запознаена со деловите од своето законодавство кои ќе треба да ги усогласи со правото на ЕУ.

Маричиќ најави дека првиот скрининг Извештај за Кластерот „Фундаментални вредности“, го очекува во првиот квартал од 2023 година и информираше дека за овој Кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели.

ПОЖАРИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Армиски хеликоптер е на пат кон беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци е надвор од контрола.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за МИА информира дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини.

За утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, а доколку има потреба ќе се активира и ЕР-трактор.

ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ТОТ

Покренато е обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот кое се случи на 7 април. 

Обвинителството поднесе обвинение против тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот кој беше претепан до смрт пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје.

„По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, констатирало обвинителството.

Осомничените се товарат за кривично дело, убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Одговорот на ова прашање го има велешката компанија „Бане Комерц Трејд“ која во два наврати за акциите на велешки „Кристал“ плати по 152 денари за акција која книговодствено вреди над 970 денари. 

По првичната еуфорија околу посетата на Брисел и отпочнувањето на преговорите со Европската унија, долгоочекуваниот процес, многу значаен сегмент за кој допрва треба да се  утврди какви ефекти ќе има е македонската економија. 

Акциите на покојниот долгогодишен прв човек на „Тетекс“, Глигорие Гоговски, преминуваат во рацете на неговите наследници.

Има една поговорка која вели „Пчелите можат без нас, но ние не можеме без нив“. Се смета дека една третина од храната која секојдевно ја јадеме зависи од работата на пчелите. Ако се намали бројот на пчели, ќе се намали и приносот на некои растителни култури. Но, оваа гранка носи и приходи кои ги пополнуваат семејните буџети на луѓето кои се занимаваат со нивно одгледување.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“