17 Мај, 2024
0.0329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Спасовски даде детали за убиството на Тот, полицијата распиша меѓународна потерница по првоосомничениот

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

СПАСОВСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА РАКОМЕТАРОТ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за нападот на починатиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ вели дека полицијата не можела брзо да реагира  затоа што никој не го пријавил случајот од самото место на настанот, кој резултираше со две уапсени лица. Дополнително, министерот смета дека Хрватот претходно имал лични недоразбирања со 19-годишната девојка која учествува во неговото претепување во јавност.

- Најпрво сакам да отфрлам со индигнација се она што деновиве се пласира во јавноста за наводно сокривање на овој случај или застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која што не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир, односно за тепачката, туку истата е добиена дури од Клиничкиот центар во Скопје.

ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ПРВООСОМНИЧЕНИОТ

Полицијата распиша меѓународна потерница за првоосомничениот Анџело Ѓорѓиевски, за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.

МАСКИТЕ ВО ЗАТВОРЕНО НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ

Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.

Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.

ЗЕЌИРИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР, ВЛАДАТА ИЗБРА ЗАМЕНИК

Eкс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”. 

Кривичниот совет денеска го потврди решението на судијата на претходна постапка.

Методија Димовски е новиот генерален секретар на владата на местото на Мухамед Зекири.

Владата на денешната седница Владата прво го разреши Зекири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето. По ова Димовски е именуван за генерален секретар на Владата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Расте инфлацијата во Македонија, а со тоа се очекува да порасне и бројот на сиромашни граѓани.

Министерството за здравство ќе набавува специјализирани пикап возила за дистрибуција на вакцини. Огласот е веќе објавен, а компаниите кои се заинтересирани треба да ги достават понудите до 11 мај годинава.

Општина Центар го откажала спроведувањето на проектот „Паметна општина“ поради страв од испразнета каса, затоа што добила две судски решенија за враќање на 1,5 милиони евра. 

И денеска продолжува штрајкот на наставниците, учителите, воспитувачите, негувателките...сите кои се во просветата. 

Власта, што се колне во транспарентност, се уште на својата веб страница ги нема објавено платите на премиерот и на министрите.

Драстично се зголемени цените на енергијата и ние во моментот се наоѓаме во најтешката криза. Компаниите се во кома, изјави денеска Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора Битола. 

Можеби ќе ве интересира

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?