15 Мај, 2024
0.0328

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта и опозицијата се едногласни за менување на Законот за здруженија и фондации

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ЕДНОГЛАСНИ ЗА МЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И ФОНДАЦИИ

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкриељ, денеска како одговор на новинарско прашање одговори дека владеачкото мнозинство ќе ја поддржи измената на Законот за здруженија и фондации, кој што е влезен во собраниска процедура по скратена постапка и е предложен од опозицијата.

„Законот за здруженија и фондации навистина бара ревидирање, бидејќи станува збор за закон којшто е стар веќе десетина години. Апсолутно го поддржуваме правото на слобода на здружување, но исто така мора да застанеме во одбрана на вредностите на кои се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, така што секој предлог што е во таа насока ќе го поддржиме“, изјави денеска Шкријељ во Собранието.

Таа, одговарајќи на прашање дали на денешната пленарна седница ќе дадат поддршка на законските измени за овој закон предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека ќе дадат поддршка и оти се согласуваат дека има потреба од носење на такви законски измени.

„Тоа значи да, поддршка, денес се утврдува потребата од носење на такви законски измени, а ние се согласуваме дека има потреба од носење на такви законски измени“, рече Шкријељ.

БУГАРИТЕ СЕ БУНАТ ЗА ПЕЈЧИНОВИЌ

На денот кога Македонската православна црква(МПЦ) го прогласи Кирил Пејчиновиќ за светец, на бугарската „Википедија“ тој стана Бугарин. Во интернет- енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, во неговата биографија ќе прочитате дека тој е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на својата татковина Бугарија.

Дел до бугарските историчари се јавија со обвинувања. Професорот на Факултетот по историја на Великотрновскиот Универзитет во Бугарија, Пламен Павлов, чинот на канонизирањето на Пејчиновиќ го нарече богохулење, но и  прекршување на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. 

ВЛАДАТА ЧЕКА ОДГОВОР ОД КОНТАКТИТЕ КОИ ИМ ГИ ДАДЕ МИЦКОСКИ

Владата ги чека понудите за гас и мазут од фирмите чии контакти ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Имавме средба со тројца граѓани на Србија и тројца на Босна и Херцеговина, ги кажавме нашите потреби за гас и мазут, се договоривме за некоја базична деловна соработка и ги чекаме конкретните понуди, со цени, рокови на испорака, банкарски гаранции“, денеска брифираа владини претставници за контактите дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доларот е на највисоко ниво од 2000 година, а од почетокот на оваа година поскапе за 22 отсто во однос на јенот, 13 отсто во однос на еврото и 6 отсто во однос на валутите на новите пазари. 

На интернет има многу огласи за замена на стан за куќа или обратно, замена на куќа во Охрид за куќа или стан во Скопје, замена на стара куќа за викендичка.

Во само една седмица цените на струјата на двете најважно берзи за нашиот пазар ХУПЕКС и ИБЕКС доживеаја неверојатно поевтинување. Очигледно дека побарувачката го изгуби здивот, на што веднаш реагираше и понудата.

Министерството за здравство на Канцеларијата на извршителот Крум Коцарев на крајот од месец септември му исплатило 2 милиони евра во три трансакции, покажува платформата „Отворени финансии“.

Во само една седмица цените на струјата на двете најважно берзи за нашиот пазар ХУПЕКС и ИБЕКС доживеаја неверојатно поевтинување. Очигледно дека побарувачката го изгуби здивот, на што веднаш реагираше и понудата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“