19 Мај, 2024
0.0299

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ не гo менува ставот за уставните измени, власта вели дека тоа скапо ќе ја чини државата

Објавено во: Македонија 26 Август, 2023

Добивај вести на Viber

БЛОКАДАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА, ТВРДИ ВЛАСТА

Секретарот за меѓународни прашања на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на телевизија Сител изјави дека  заблудите на ВМРО- ДПМНЕ скапо ќе ја чинат државата, а чекањето ќе ги исели младите во Европа.

Маричиќ нагласи дека поради заблудите дека може да преговараме подобар договор, или пак дека има бескрајно време да чекаме, ќе направат сите други држави, дури и Украина и Молдавија, кои се во сериозни безбедносни ризици да одат пред нас, а ние ќе чекаме подобри времиња за да изпреговараме и да ја натераме Бугарија во нешто што нема потреба да ја убедуваме.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа за што разговарале вчера со американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар.

Мицкоски изјави дека го искажале ставот на партијата и уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.

Во ниту еден документ не е дефинирано дека македонскиот јазик ќе биде официјален во ЕУ, велат од Демократскиот сојуз. 

Блокадата на европскиот пат прескапо ќе ги чини земјата и народот, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник од СДСМ. 

Рече дека антиевропското делување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата. 

КУМАНОВЕЦОТ СО ГОДИНИ ГИ МАЛТРЕТИРАЛ СВОИТЕ ЖРТВИ

Двојниот убиец од Куманово со години ги малтретирал жртвите.

Четириест и шестгодишниот Д.Ј. кој вчера ги уби својата сопруга и нејзината мајка, во повеќе наврати бил пријавуван за семејно насилство. Бил и осудуван за повредите што претходно им ги нанел на сега убиените мајка и ќерка.

ОСУДИ ЗА ЗНАМЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ФОТОГРАФИРАНО ЗАД КАСАМИ ВО ТЕТОВО

И СДСМ ја осуди провокацијата на тетовскиот градоначалник Билал Касами, зад кој вчера повторно имаше знаме на Голема Албанија, додека промовираше улица. Фотографијата се појави на социјалните мрежи. 

Од СДСМ велат дека Касами продолжува со организација на настани со провокации и иконографија за поттикнување поделби меѓу граѓаните. Велат времето на национализам е завршено. 

„СДСМ ги осудува овие смислени провокации кои се одлика на политичари од минатото“, велат од владејачката партија.

Вицепремиерот Артан Груби рече дека настанот бил со цел да дефокусира и не е добар, ниту за Албанците, ниту за Македонците. 

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје