19 Мај, 2024
0.0533

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Застаре уште едно дело на Сашо Мијалков

Објавено во: Македонија 07 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ЗАСТАРЕ УШТЕ ЕДНО ДЕЛО НА МИЈАЛКОВ

На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре уште дело, откако Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април.

На ова рочиште требаше да биде донесена пресуда за поранешниот директор на УБК, но тој нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува денеска.

Случајот „Титаник 2“ се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Осносвниот суд за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ го осуди Мијалков на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

ГАЛАБ ДОНЕВ СЕ ОБЈАСНУВАШЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Бугарскиот технички премиер Галаб Донев вели дека Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Македонија. 

Кажа дека уставните измени и носење други закони, секоја држава треба да ги решава во согласност со внатрешната практика. 

Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес“, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ.

ССМ ОБЈАВИ КОЛКУ ИЗНЕСУВАЛА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА ВО МАРТ

На четиричлено семејство му требаат најмалку 50.000 денари за да го помине месецот. Трошоците на едно домаќинство во март изнесувале 50.070 денари. Толку „тежи“ синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. 

Од таа сума, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиени потребни се 3.186 денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Генералниот директор Милковски преку вложувањето на 130.000 евра во акции на фирмата што ја води прати сигнал до инвеститорската заедница дека „Гранит“ е здрава, силна компанија која е најсериозен кандидат за учество во најголемата градежна експанзија на оваа петолетка наречена „коридор 8“

Голем број граѓани минатата година се соочиле со злоупотреби на нивните профили на социјалните мрежи, со објава на фотографии, видеа или адудио снимки на туѓи профили, или пак со навреди, клевети и уцени преку Интернет. Најмногу проблеми имало со социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“, но проблеми за кои се жалат граѓаните имало и за другите социјални мрежи.

АД Државна лотарија на Република Северна Македонија вчера регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ, дознава „Фактор“. „ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен.

Сопственикот на градежната компанија „Настел“, која поседува 9,38 отсто од акциите на  „Реплек“, бара да влезе во Надзорниот одбор на таа компанија.

По повеќе од две и пол години, изгледа дека во април конечно ќе заврши сагата за пропаднатата Еуростандард банка.


Светскиот ден на здравјето, 7. април,годинешнава тема ја фокусира на „Здравје за сите“, пред сè заради глобалните предизвици со кои се соочува светот во изминативе неколку.

Во Росоман веќе има оштетувања на дел од насадите со праски, оние кои се во пониските делови. Мештаните чекаат да видат што ќе се случи идните денови и дали нивните овоштарници ќе ги издржат температурите.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт