20 Мај, 2024
0.0283

ФАКТОР СО ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА КАЈ БЛАЦЕ: Во Лепенец се трага по цело семејство, спасен е само 21-годишниот син

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Потрагата по возилото кое по сообраќајната несреќа паднало во реката Лепенец се уште трае. Се бараат уште тројца патници кои биле во возилото. Фактор од свои извори дознава дека станува збор за цело семејство од соседно Косово.

-Восилото не е пронајдено се уште. Водите на Лепенец се брзи и длабоки. Во возилото биле цело семејство од Косово, татко, мајка и двајца синови. Извлечен е 21-годишниот, додека по помладиот, 16-годишниот се уште се трага, иско како и по родителите, брифираат изворите на Фактор.

По несреќата, 21-годишното момче итно е префрлено во ГОБ „8 Септември“, а директорот на болницата, д-р Христијан Костов, за Фактор изјави дека се чекаат негови роднини од Косово да го преземат.

-Пациентот има екскориации, односно иповршински повреди по кожата и изгребаници, како и набиеници по телото. Во моментов чека во Ургентниот Центар на ГОБ „8 Септември“ да го земат блиски роднини. Тој е косовски државјанин, вели директорот Костов за Фактор.

Инаку, како што соопштија претходно од ЦУК, потрагата се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите.

По настраданите трага тим од нуркачи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража