ФАЛАТ КАДРИ: Ова занимање е барано насекаде во светот и е добро платено
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2017
Европа со години се бори за ИТ стручњаци.
Според некои проценки на ЕУ, до 2020 година на пазарот ќе фалат над 750.000 кадри.
Тоа ќе биде само за подрачјето на ЕУ. Во Хрватска до 2020 година ќе се вработат дури 5000 луѓе во овој сектор.
Тие ќе можат да бираат каде ќе работат затоа што и онака платите се двојно поголеми од просекот во земјата.
Во топ 5 европски земји кои најдобро ги плаќаат програмерите се Ирска со 66.500 долари, Британија 70.500, Данска 75.700, Норвешка 86.000 и Швајцарија со 90.500 долари.
Се предвидува дека во иднина ИТ стручњаците уште повеќе ќе бидат ценети и барани.