29 Април, 2024
0.0257

ФАНТАСТИЧЕН РЕЗУЛТАТ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАНКАРСКИ ИГРАЧИ - Стопанска банка Скопје за половина година оствари добивка од 27 милиони евра

Објавено во: Финансии 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Близу 27 милиони евра добивка остварена за првата половина од годинава. Таков е финансискиот резултат на вторат по големина банка во земјава, Стопанска банка Скопје. 

Банката преку Македонската берза ги објави своите финансиски извештаи, кои говорат за позитивни резултати и покрај предизвиците што ги наметнува енергетската криза.

Како што извести Стопанска банка, таа во првите шест месеци од годинава остварила добивка пред оданочување во износ од 1,628 милијарди денари, што е рамно на 26,47 милиони евра. 

Тоа е зголемување за дури 34 отсто во однос на истиот период од претходната година. 

Од банката во своето образложение за финансискиот резултат објаснуваат дека периодов од првите шест месеци од годинава наметнал сериозни педизвици.

Првата половина од 2022 година наметна сериозни долгорочни предизвици на глобално ниво, кои особено негативно се рефлектираат врз европската економија, а со тоа и врз домашната економија. Високите цени на енергијата и нафтените деривати заедно со инфлаторните притисоци и пролонгираната Ковид пандемија воспоставуваат нова реалност во економското и севкупното живеење. Како и во секоја криза, економиите и бизнисите се соочени со предизвикот за соодветни прилагодувања од поширок опсег со цел да се обезбеди нивниот континуитет и да се надминуваат последиците од кризата“, се вели во образложението испратено до инвеститорската јавност. 

Но, како што објаснуваат од Стопанска банка Скопје, сите приходни позиции од билансот на успех за првото полугодие од 2022 година, покажуваат соодветен раст. 

„Притоа, и покрај зголемените цени на енергијата и на другите стоки и услуги, Банката успеа да ги одржи оперативните трошоци на релативно исто ниво споредено со претходниот период. Сето тоа, заедно со намалувањето на трошокот за исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, резултираше со зголемена добивка пред оданочување за 34 отсто во однос на истиот период од минатата година“, објаснуваат од Стопанска банка. 

Да се осврнеме малку на Билансот на успех.

Најзначајниот приходен колач, нето приходите од камати, покажуваат раст. Тие, како што велат од банката, изнесуваат 1.990.215 илјади денари и се зголемени за 5 отсто во однос на истиот период од минатата година, најмногу како резултат на зголемените кредитни активности и врз основа на тоа-зголеменото кредитно портфолио на Банката.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 452.529 илјади денари и се зголемени за 16 отсто во однос на анализираниот период во 2021 година. Ова е резултат на зголемен обем на активности односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење. 

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 37 отсто и изнесуваат 83.828 илјади денари, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и менувачкиот пазар. 

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 119 отсто и изнесуваат 416.296 илјади денари. 

Оперативните трошоци од работењето останаа на релативно исто ниво и покрај зголемувањето на цените на скоро сите позиции, при што трошоците за вработени изнесуваат 452.217 илјади денари, додека оперативните трошоци изнесуваат 399.044 илјади денари. 

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа, во износ од 389.597 илјади денари, која е намалена за 12 отсто во однос на истиот период од претходната година. 

Ако се погледне Билансот на состојба, вкупната актива изнесува 115.585.072 илјади денари, повисока за 1 отсто, односно 1.482.373 илјади денари во однос на крајот од минатата година. 

Паричните средства и паричните еквиваленти споредени со крајот на 2021 година се пониски за 3.406.566 илјади денари, односно за 16 проценти, како резултат на порастот на кредитните активности на Банката и употребата на ликвидноста за оваа намена.

„Дополнително, во текот на првото полугодие на 2022 година, граѓаните и компаниите интензивно ги користеа своите депозити во услови на зголемена инфлација и потреба за поголеми плаќања за енергија, набавка на потребни стоки, суровини и репроматеријали, итн. Кредитите на и побарувањата од други комитенти нето остварија пораст од 7 отсто споредено со крајот на минатата година и изнесуваат 83.146.636 илјади денари“, велат од банката.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 299.845 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2021 година за 8 отсто. 

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 11.966.962 илјади денари и се намалени за 3 отсто во однос на крајот на минатата година, како резултат на зголемените кредитни активности и потреба за повлекување на овие средства за редовно работење.

Останатите побарувања забележаа пораст од 3 отсто и изнесуваат 1.617.100 илјади денари. Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 84.742.823 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 21.287.586 илјади денари, што претставува зголемување за 8 отсто во однос на крајот на 2021 година. Имено, со одлуката на Собранието на акционери, регулаторниот капитал се зголеми за нови 30 милиони евра, капитал кој обезбедува основа за непречено реализирање на зацртаните бизнис-цели во наредниот период. 

Во наредниот период Стопанска банка ќе ги продолжи своите активности согласно деловниот план, истовремено водејќи грижа за зачувување на квалитетот на кредитното портфолио во услови на зголемени ризици во севкупната околина, поддршка на работењето на клиентите во сите сфери, како и целосно исполнување на сите регулаторни обврски, потенцираат од банката.

Инаку, во текот на анализираниот период Банката доби дозвола за извршување на лизинг услуги со што ја прошири палетата на своите производи и услуги за компаниите и населението. 

Во анализираниот период Банката исплати дивиденда на имателите на приоритетни акции во вкупен износ од 1.137.220,00 денари или бруто-износ од 5 денари по акција, која се реализираше во текот на месец јуни 2022 година. Право на дивиденда остварија сите акционери што се стекнале со приоритетни акции до 15.6.2022 година (датум на пресек во акционерската книга), односно последен ден на тргување со право на дивиденда беше 13.6.2022 година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување