26 Април, 2024
0.0292

FDI Magazin: Дреклсмаер Македонија најдобра фабрика

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Фабриката на германската компанија  Дрекслмаер што се гради во Кавадарци е прогласена за најдобра во категоријата производство од страна на fDi Intelligence, специјализирано издание на Financial Times за сите области поврзани со странските директни инвестиции и промоција на инвестициите во светот. Во Македонија фабриката  е прогласена за најдобра во рамки на годишната едиција FDI Top Projects of the year 2012 – Investment that broke ground. Следејќи повеќе од 16.000 гринфилд проекти во светот номинирани за 2012 година, електронското издание на престижниот ФДИ Магазин - fDi Intelligence за февруари и март годинава ги прогласи победничките проекти во повеќе сектори и категории. Од Кабинетот на министерот за странски инвестиции Веле Самак денеска соопштија дека фабриката на германски Дрекслмаер во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија е избрана за најдобра пред бројни и угледни конкуренти како што се Mercedes-Benz која се гради во Унгарија, фабриката на Yazaki во Бугарија, Bosch во Романија како и многу други. Инвестицијата на Дрекслмаер во Македонија е со вредност од над 30 милиони евра и треба да овозможи 4.000 нови вработувања. Одлуката за инвестирање беше донесена по повеќе месечни преговори со министерот Самак во декември 2011 година. Во Кавадарци веќе работат над 560 вработени кои за потребите на Даимлер и новата Мерцедес C-класа извезуваат за повеќе европски дестинации. Министерот Самак очекува, според динамиката на работ,а до крајот на годината да се достигне бројка од над 1.000 вработувања. -Фактот дека фабриката во Кавадарци е прогласена за победник од страна на светски реномираниот fDi Intelligence во конкуренција со такви престижни и познати компании не прави навистина горди и е вистински показател за трудот кој го вложуваме и посветеноста со која работиме“, изјави Самак.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“