27 Април, 2024
0.0247

ФЕЈСБУК ВИ ТРОШИ ПРЕМНОГУ БАТЕРИЈА? Решението е едноставно, треба да го направите ова!

Објавено во: Стил 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Корисниците често се жалат дека Фејсбук и мобилната апликација Фејсбук Месинџер трошат премногу батерија.

Двете апликации константно бараат врска, но тоа не е вообичаено однесување бидејќи многу апликации го бараат истото. Меѓутоа, овие апликации трошат премногу батерија. Работите стануваат многу полоши кога апликацијата е покрената, бидејќи поедини корисници пријавуваат дека тогаш се троши по еден процент на батерија секоја минута.

Компанијата го признала овој проблем и открила како може да се реши. Не треба да нагласуваме дека потрошувачката од еден процент на секоја минута е преголема, а тоа е посебно проблематично за денешните смартфони чија батерија трае еден ден.

Шефот на Фејсбук месинџер Дејвид Маркус истакнал дека е свесен за бројните извештаи и признал дека проблем со батеријата има апликацијата.Тој меѓутоа открил дека доколку корисниците само би ја ресетирале апликацијата, ќе забележат дека проблемот е решен. Значи, од Фејсбук им порачуваат на сите кои се среќаваат со преголема потрошувачка на батеријата дека треба само на сила да ја затворат апликацијата и повторно да ја покренат и проблемот е решен.

Вие се обидовте?

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти