18 Мај, 2024
0.0408

ФЕНГ ШУИ ПРИНЦИПИ: Како паричникот секогаш да ви биде полн?!

Објавено во: Стил 22 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Според Фенг шуи големината и бојата на паричникот се важни за тој да биде полн.

Постојат неколку основни принципи, за кои се смета дека ако ги почитувате, вашиот Паричник ќе привлекува повеќе пари.

Димензии

Ставајте ги парите во паричникот трудољубиво. Тие треба да лежат така што да не се смачкани или свиткани. И барем еден од параметрите на паричникот треба да одговара на царска големина - 5.37 см, 18,8 см, 24.175 см, 25.52 см. Ако и трите параметри - висина, ширина и длабочина, се според царската големина , тоа е најдобар начин да ги привлечете парите.

Боја - кафеава, жолта, сребрена, сива или бела, и метална

Според фенг шуи боите на парите се оние кои се блиски до боите на земјата и боите на металот. Затоа соодветни бои се кафеава, метална, жолта, сребрена, сива или бела. Обрнете внимание бојата да не е сина, бидејќи се смета дека тоа е бојата на стихијата на водата. Значи парите наскоро може да ви истечат од него како вода.

Да е изработен од кожа или велур

Недозволиви се пластичните паричници, зашто не ги пропуштаат енергетските текови. Најдобрите материјали за изработка на паричник се кожа или велур.

Во паричникот не треба да има слики

Не ставајте слики во паричникот за да не се пресекува енергијата на парите.

Негуван и полн паричник

Никогаш не оставајте го паричникот целосно празен и не одете со искинат или оштетен, туку со паричник кој ќе остави впечаток!