27 Април, 2024
0.0441

ФЕНГ ШУИ СОВЕТИ: Привлечете ги парите во домот-Еве како!

Објавено во: Стил, Финансии 20 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Верувате дека движењето на енергијата влијае на сегменти од нашиот живот, вклучувајќи го и материјалниот?

Ако верувате, постојат неколку начини со кои можете да постигнете финансиски успех, а токму во оваа статија ви претставуваме неколку од нив.

Користете живи бои во деловите од станот во кои најчесто обавувате работа која има врска со финансиите

Фенг Шуи експертите секогаш го нагласуваат “ подрачјето на парите“ во зелена и виолетова боја. Зелената е боја на виталност и раст, а виолетовата го претставува богатството. Во кујната најдете место за чинија со грозје- идеално е да комбинирате бело (зелено) и црно( виолетово) грозје, а кога ќе помине сезоната на оваа овошје, заменете го со убава реплика во обоено дрво или стакло,

Внимателно водење со парите е главен совет во фенг шуи филозофијата

Многумина од нас имаат навика да ги туткаат парите по џеповите или да ги оставаат на разни места во куќата. Кога ќе почнете да ги запоставувате парите и тие ќе почнат да ве запоставуваат вас, затоа водете сметка тие секогаш убаво да ви се сложени, спакувајте ги куќните сметки во убави коверти или пластилни футроли во живи бои. Држете ги на левата страна од работната маса, каде е вашето место за пари во работниот простор.

Парите се вид на енергија, а важно е не само да ги имате туку и да протекуваат низ нашиот живот

Ако немате доволно пари да дарувате или да трошите, сигурно ќе можете да подарите на другите малку и од своето време или внимание. Затоа секоја вечер одвоите по неколку минути да се заблагодарите за она што го имате и размислете за тоа што би можеле да подарите на другите. Богатството не е секогаш во тоа да добиеме или да имаме што повеќе, туку да најдеме позитивна страна во тоа што веќе го имаме. Кога ќе бидете благодарни за она што веќе го имате , така во вашиот живот ќе дојадт повеќе пари, но и чуство на задоволство.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти