27 Април, 2024
0.0243

ФЕНГ ШУИ ТРИКОВИ: Привлечете ја позитивната енергија во домот и љубов во својот живот!

Објавено во: Стил 19 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Енергијата на љубовта е како светлина, на сите ни е потребна. Со оглед на тоа дека фенг шуи е одличен сојузник во креирање на позитивна атмосфера во домот и привлекување на богатство во животот, зошто да не ги искористите овие три одлични совети и да привлечете љубов.

Пред да ги послушате и примените овие совети, фенг шуи учителите советуваат дека е потребно пред се да се сакате себе си и да се грижите за вашите емоционални потреби. Дури кога ќе ги исполните тие услови, може да креирате позитивна енергија во домот која ќе привлече енергија и љубов.

Прв ФЕНГ ШУИ совет за љубов

Претворете ја својата соба во место кое ќе зрачи со позитивна енергија и романтична атмосфера. Каков е креветот во кој спиете, а во која боја се ѕидовите во собата? Дури и ако сте сами уредете го вашето катче за спиење во боите на љубовта за две лица. Енергијата над креветот треба да биде силна и балансирана. Поставете ноќни светилки од двете страни или убав кревет.

Втор ФЕНГ ШУИ совет за љубов

Претворете го купатилото во спа простор кој ќе привлече енергија и љубов. Доста луѓе не внимаваат на купатилото и оваа просторија последна чека на уредување. Меѓутоа, според Фенг шуи и тоа како е важно оваа просторија да биде уредена како би благосостојбата и љубовта владеале со вашиот живот.

Купатилото најчесто го користиме да го исчистиме телото, но и душата како што тврдат фенг шуи учителите. Затоа уредно и убаво купатило е пријатно за користење како спа центар и ќе ви донесе на вашето тело и душа добра енергија. Доколку зрачите со позитивна енергија лесно ќе ја привлечете сродната душа во својот живот.

Трет ФЕНГ ШУИ совет за љубов

mandarinski-patkiИсполнете го домот со детали кои според фенг шуи донесуваат среќа и благосостојба во домот. Секако, нема само да ви помогне ако мандаринската патка (тие се симбол на љубов, романса, подреденост и партнерска љубов) ја ставите на вистинското место, но овој предмет секако ќе донесе позитивна енергија во вашиот дом, а со самото тоа и во животот. Романтичната слика која асоцира на љубов, розеви кристали и црвени свеќи ќе и допринесат на позитивната атмосфера во која ќе се чуствувате блажено и сакано и сигурно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти