26 Април, 2024
0.0412

ФЕНОМЕН „МАКЕДОНИЈА ТУРИСТ“: Со четвртина капацитет профит од 2 милиони евра?!

Објавено во: Економија 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата што менаџира 5 свои хотели лани работела со 26,3 отсто од расположливиот капацитет и стигна до профит од безмалку 2 милиони евра во услови на пад на приходите заради намалување на бројот на ноќевања

Најголемата скопска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ лани работела со 5 хотели кои имале просечна искористеност на капацитетите од 26,3 отсто и при тоа успеала да направи нето профит од 117,6 милиони денари (околу 2 милиони евра), покажуваат официјалните податоци од годишниот  извештај за работењето на „Македонијатурист“. 

Податоците од годишниот извештај покажуваат дека „Македонијатурист“ бележи пад во нивото на приходи лани во однос на 2015 година, што пак е директна последица на нивото на искористеност на капацитетите за сместување на таа голема компанија. Лани просечното ниво на искористеност на капацитетите на „Македонијатурист“ било 26,3 отсто, а во 2015 година било 31,5 отсто од расположливиот капацитет. Падот во однос на нивото на искористеност на капацитетот лани во однос на 2015 година е 16,3 отсто. Зачудувачки е тоа што и покрај овој пад на главните параметри компанијата и понатаму успева да генерира солидни па дури и високи профити.

„Македонијатурист“ е мека за конвертибилни гости! Дури 94 отсто се странци

Структурата на гости во „Македонијатурист“ е посакуваа за многу други македонски хотели. Дури 93,7 отсто од остварените ноќевања ги оствариле гости од странство или вкупно 58.669 ноќевања од вкупно реализираните 62.604 ноќевања. Вкупниот број на ноќевања лани бележи пад од 14,5 отсто, а нивото на странски ноќевања лани е пониско за 15,7 отсто во споредба со 2015 година. Бројот на странски ноќевања лани е помал за над 10.000. Значаен раст, процентуално, иако незначајно во вкупната констелација бележат домашните ноќевања и тоа за 11 отсто. Во бројки тие пораснале за неполни 4.000 ноќевања односно од 3.549 на 3.935.

Секое четврто ноќевање од гостин од Турција

Лани најбројни од странските гости биле Турците. Вкупно оствариле 13.606 ноќевања и тие се 21,7 отсто од сите странски ноќевања. Во однос на 2015 година се за околу 3.000 помалку. Најголем раст има кај бројот на ноќевања на гости од САД и тоа за 580 повеќе од 2015 година до 3.827 ноќевања. Од друга страна најголем пад во однос на 2015 година има кај гостите од Кина и од Франција. Бројот на ноќевања на Кинези е речиси преполовен и лани изнесувал 1.793. Бројот на ноќевања од Франција е намален за 65 отсто во однос на 2015 година до ниво од 847 ноќевања.

„Македонијатурист“ нема долгови и инвестира во акции

Хотелиерската компанија, по билансите гледано, се гледа дека посветува внимание и секундарна дејност – тоа е вложување во хартии од вредност и чување на кеш во депозити. Значајно за „Македонијатурист“ е тоа што лани од финансиски приходи од вложувања (останата сеопфатна добивка) има реализирано приход од 25 милиони денари што е за 14,5 милиони денари повеќе од 2015 година. Компанијата нема долгови и кредити, а според официјалните известувања на еден од акционерите во депозити во банки чува околу 20 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката