29 Април, 2024
0.0250

Феномен: Зошто имаме впечаток дека на враќање патот е пократок?

Објавено во: Стил 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Се прашувате ли понекогаш зошто ви е потребна целата "вечност" за да дојдете до одредено место, а на враќање времето како лета?

Јапонските истражувачи го откриле објаснување на овој феномен.

Во истражувањето 20 мажи меѓу 20 и 30 години добиле задача да изгледаат два филма, со пауза од 10 минути помеѓу нив. И двата филма биле со иста должина.

Половина од испитаниците гледале две снимки на кои е прикажано патување од една дестинација до друга, а другата група гледала два филма, на кои бил прикажан спротивниот правец.

За да проценат како мажите гледаат на изминатото време, им било кажано да кажат кога помислат дека поминале три минути од филмот. Тие добиле задача на скала од 11 единици да го одбележат времетраењето на филмот, каде -5 поени од едната страна значело дека првиот филм бил многу подолг, а +5 - спротивното - дека првиот филм бил значително пократко.

Мажите немале впечаток дека вториот филм траел кратко, што доста ги изненадило научниците. Ситуацијата сепак се менува кога учесниците во експериментот биле замолени да ги споредат двата филма.

Нашиот мозок го мери времето на два начина: едниот е математички, а вториот е заснован на употребата на јазикот, како создаваме "приказни" во врска со времето на настанот, во кое учествуваме.

Ефектот на патот назад не влијае на самиот наш механизам за пресметувањето на изминатото време, но потсвесно влијае на нашето чувство за изминатото време.

Кога патуваме за некаде често брзаме да стигнеме навреме или едноставно сме нестрпливи, па ја сметаме секоја секунда, затоа и имаме чувство дека патувањето трае подолго

Бидејќи веќе ја знаеме должината на патот на враќање, обично пријатно се изненадуваме кога сфаќаме дека не траело толку колку што сме мислеле.

На враќање обично не размислуваме за изминатото време и патот ни е познат, што дополнително придонесува за влијанието дека патувањето трае кратко.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти