29 Април, 2024
0.0265

Феноменална Студена Месечина не чека в петок-Еве што да направите за да привлечете пари на овој ден!

Објавено во: Стил 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Последнaта полна месечина ќе се појави на Католичкиот Божиќ, кој се слави на 25 декември по Грегоријанскиот календар. Ова е голема реткост, па затоа се препорачува дека овој феномен не е за пропуштање.

Токму Божиќната месечина ќе се појави со првиот самрак и ќе свети во полн сјај до изгрејсонце. Поради студените декемвриски денови ја нарекуваат уште и Студена месечина, а тоа е поради тоа што била последната полна месечина во годината, позната е и како долга ноќ на Месечината .

Полна месечина нас може да ни донесе и многу позитивни резултати, ако користиме молитви, медитација, дури и процесот на лекување.

Таква енергија во просторот можеме да ја користиме или на конструктивен или деструктивен начин, а тоа зависи само од нас.

На полна месечина по народното верување треба да се направи ритуал за привлекување на пари. Постојат многу верувања поврзани со Месечината и нејзините фази. Се смета дека човек ќе се здобие со неочекувани пари, ако излезе надвор на полна месечина, а потоа го отвори паричникот и девет пати каже: "Месечино, наполни го мојот паричник". Во рок од неколку дена се смета дека човекот ќе се здобие со неочекувана сума пари.

Старите народи верувале дека месечината се состои од сребро и злато и има моќ да привлекува пари.

Овој феномен последен пат е забележан во1977 година, а нема да се повтори до 2034 година, предупредува НАСА, затоа искористете ја можноста и уживајте во ретката појава. Замислете си желба, затворите ги очите и очекувајте тоа да ви се исполни!