30 Април, 2024
0.0271

„ФЕРШПЕД“ ВО ЗОНАТА НА ПОЗИТИВАТА - компанијата со профит од 1,33 милиони евра за девет месеци

Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Моќната компанија „Фершпед“ годинава успешно се враќа во зоната на позитивата.

Ако за првите девет месеци од минатата година компанијата на семејството Накови била во загуба од 265 илјади евра, во истиот период од годинава таа влегува во сосема солидна добивка по оданочување, од 1,33 милиони евра.

Компанијата своите резултати ги објави преки Македонската берза, заедно со образложение на остварениот финансиски резултат. 

„Групата Фершпед АД Скопје во  периодот јануари - септември 2021 година оствари оперативна добивка во износ од 86.414  илјада денари искажана во консолидираниот неревидиран биланс на успех“, се вели меѓу другото во образложението.

Вкупните консолидирани приходи во оваа групација за периодот од првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.493.544 илјади денари и во споредба со остварените вкупни консолидирани приходи за истиот период 2020 година се зголемени за 52 отсто.

Остварените консолидирани оперативни приходи за овој период изнесуваат 3.488.710 илјади денари и се зголемени за 53 проценти во однос на консолидираните оперативни приходи за истиот период 2020 година.

Финансиските приходи бележат пад во однос на истиот период минатата година.

„Вкупните консолидирани  расходи за период јануари - септември 2021 година во износ од 3.403.333 илјади денари бележат раст за 49 отсто во однос на вкупните консолидирани расходи за истиот период  2020 година“, објаснуваат од компанијтата.

Консолидираните оперативни расходи изнесуваат 3.402.296 илјади денари и истите бележат зголемување за 49 отсто во однос на истите од 2020 година.

Финансиските расходи бележат пад во однос на  истиот период минатата година.

„Група Фершпед АД Скопје во периодот јануари - септември 2021 година прикажува добивка од редовно работење. Нето добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 90.211 илјади денари (1,47 милиони евра - н.з.)“, потенцираат од компанијата.

Додека, пак, нето добивката по оданочување изнесува 82.036.000 денари или 1,33 милиони евра, говори Билансот на успех на оваа компанија. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија