29 Април, 2024
0.0260

Филип Морис Интернешнел добитник на наградата за најиновативна компанија за 2020 година

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Филип Морис Интернешнл (PMI) ја освои наградата за иновации за 2020 година на Business Intelligence Group(BIG)во категоријата „Организација”. Наградата на компанијата ѝ беше доделена за иновациите кои ги пласира на пазарот во време кога ја продолжува целосната деловна трансформација за да обезбеди иднина без чад и да ги замени цигарите со подобри алтернативи за оние возрасни лица кои инаку би продолжиле да пушат. Лидер во иновацијата е IQOS, уред кој го загрева а не го гори тутунот, и на тој начин го елиминира чадот и ослободува околу 95% помалку штетни состојки притоа овозможувајќи го потребното и бараното искуство на возрасните пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушење. Притоа, IQOS е прв, но не и единствен производ од портфолиото на производи со намален ризик на PMI.

BIG наградите за иновации ги препознаваат организациите, производите и луѓето кои носат новини во животот на другите. Организации ширум светот ги доставија своите неодамнешни иновации на разгледување, а номинациите беа оценети од избрана група деловни лидери и директори.

„Големо задоволство е што продолжуваме да бидеме признати од пошироката деловна заедница за иновациите што го поттикнуваат нашиот напредок кон иднината без чад. Додека продолжуваме со најголемата трансформација во историјата на нашата компанија, со јасен поглед кон иднината без чад, ние постојано се откриваме себеси, нашето портфолио на производи и начинот на работа за да обезбедиме подобри алтернативи за милиони мажи и жени кои пушат, изјави Јацек Олцак, главен оперативен директор во PMI.

„Иновациите станаа главна тема на компаниите во речиси сите индустрии, а победниците оваа година сведочат за креативноста, страста и упорноста на поединците ширум светот. Ние сме воодушевени што го наградивме Филип Морис, бидејќи тие водат со примери и постигнуваат вистински напредок нудејќи иновативни решенија за заедницата и потрошувачите, изјави Марија Хименез, главен оперативен директор на Business Intelligence Group.

PMI досега инвестираше над 6 милијарди долари во научни, истражувачки и производствени капацитети за своите производи без чад, кои сега се достапни на 51 пазар. Веќе 8,8 милиони возрасни пушачи ширум светот се префрлија на најнапредните производи за загревање на тутун на PMI и се откажаа од цигарите.

За повеќе информации, посетете ја веб страната: www.pmi.com

Можеби ќе ве интересира

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика