Филипинци, Индијци, Африканци работат на Балканот
Објавено во: Економија, Балкан 06 Август, 2019
Филипинци, Индијци, Африканци работат во Хрватска.
Угостителите велат дека најголем проблем е чекањето на документи.
Угостителот Роберт Палиќ вели дека 90% од луѓето кои работат кај него ги нашол во Белград.
Но, вели дека има работник од Танзанија кој студирал во Белград, а воедно работел и на крузер.
Тој додава дека нема угостителски објект во кој повеќето од работниците се домашни, напротив има повеќе странци, затоа што Хрватите исто така се заминати во странство.
Луѓето кои од Црна Гора доаѓаат во Хрватска поради работа, работат како градежници, возачи и продавачи.
фото ЕПА