26 Април, 2024
0.0305

Филипова: Младите не се декор за верификација на политичката воља

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Власта и институциите уште еднаш докажуваат дека не се грижат за младите. По крајно брутално спроведените студентски избори, сега повторно се обидуваат да ги спречат младите искрено и отворено да го дадат својот глас за изборот на младински претставник за Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО - вели за Фактор, Александра Филипова, вработена во Младинскиот образовен форум,  во Програмата за истражување и креирање на младински и образовни политики. Нетранспарентноста и непрофесионалниот однос од страна на Агенцијата за млади и спорт,  според неа  го кочат изборот на младински претставник во организацијата која е една од  најзначаните регионални политики за млади која  ќе овозможи учество во различни програми и размени во земјите од западен  Балкан.

“Агенцијата за млади и спорт распиша повик за делегати од невладиниот  сектор со цел да создадат работна група која ќе го избере младинскиот претставник. Иако има многу неправилности и нелегитимности во целиот процес, сепак Агенцијата за млади и спорт останува глува за тоа и форсира да се случат изборите иако кандидатурите  се спорни, особено затоа што една од кандидатките Бојана Наумоска  од 2013-та година работи како надворешен соработник во Собранието  за владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Повеќепати младинските организации се обратија до Агенцијата за млади и спорт  да ја искажат својата загриженост за целиот процес, но директорот на Агенцијата упорно бега од аргументите, а и од младите”-вели Филипова.

Според неа и  покрај напорите  ова прашање да се  реши низ конструктивни дискусии во работна група и преку институционален пристап да ги адресираат  овие недоследности до Агенцијата за млади и спорт, во целиот овој процес  вели тие се игнорантни на забелешките и критиките кои имаат за цел да ја зголемат транспарентноста на процесот. Гласањето се случило на  13 септември , а поради тоа што ниту еден од кандидатите не го освоил потребниот број на гласови, младински претставник не се избрал. Агенцијата за млади и спорт, како што вели  без консултација со работната група создадена да избере претставник објавила  нов повик.

“Ова се потврди со фактот дека АМС оддржа состанок за гласање за претставникот, иако овие дилеми не беа разрешени. На повикот беа пријавени три кандидати  и беа детектирани низа недоследности.  Еден од кандидатите за Управниот одбор беше член на работната група, што е спротивно на критериумите во повикот.Еден од кандидатите за Управен одбор е со работна позиција во Собрание на Република Македонија како надворешен соработник, што фактички е претставник на институција, а не на младите”-додава претставничката на МОФ.

По примерот на високо развиените европски држави, додава дека младите мораат да бидат активни чинители во општеството и преку ваквите програми да стекнуваат искуство. Како друга специфична и важна карактеристика која оваа канцеларија ќе ја има според неа  е учеството на младите луѓе во процесот на носење на одлуки што се случува за прв пат на овие простори на високо политичко ниво. Апелира  институциите да дозволат младите да изберат свој младински претставник за Регионалната канцеларија бидејќи изминатите неколку години младите како што вели покажале  зрелост и способност сами да си ги кројат младинските политики.

“АМС не им дозволува на младите да го стекнат ова искуство, да научат самите да си ги кројат своите политики. Невозможно е било која институција да знае што е најдобро за младите и затоа од особено значење е инклузивноста. Иронично и нелогично е Агенција за млади да ги затвара вратите токму пред они за кои треба најмногу да се грижи. За жал ова останува да биде долгогодишна пракса на властите и државните институции и нејасно е како очекуваат да се постигнат било какви реални резултати за подобрување на младинското учество при ваква ситуација”-нагласува Филипова.

Претставник на институциите од Република Македонија ќе биде Директорот на Агенција за млади и спорт Марјан Спасески.  За избор на претставникот на младите била отворена  постапка во Агенцијата за млади и спорт на која преку  еден јавен повик се пријавиле граѓански организации за да имаат право да гласаат, а на друг јавен повик индивидуалци ги поднесуваа кандидатурите за член на УО со единствена цел да се креира работна група која ќе го избере претставникот на младите од Македонија во УО.

“Во работната група се примени членови номинирани од граѓански организации кои не се активни според Централниот регистар на Република Македонија и не може да се најде постоење на нивни јавни гласила и Агенцијата не дозволува да се има јавен увид во сите апликации и целата документација произлезена од конкурсот објавен за проширување на работната група. Право на глас имаат и членовите на работната група кои се претставници на институции, a кои веќе имаат свој загарантиран претставник.Затоа треба да им се одземе правото на глас бидејќи  одлуката за избор на претставник на младите во УО мора да ја потпише директорот” – објаснува Филипова.

Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан е процес кој започнал на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Виена во 2015.  Премиерите на 6-те држави од Западен Балкан, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора,  Босна и Херцеговина и Косово потпишаа декларација и  започнаа подготовките за воспоставувањето на ваква канцеларија и за земјите на Западен Балкан. Целиот процес завршил  со потпишувањето на договор  за воспоставување на РИКО на последниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Париз, јули оваа година.

На овој начин вели институциите имаат голема и пресудна контрола на процес кој треба да биде оставен на граѓанските организации. Улогата на младинскиот  претставник всушност  е да биде во Управниот одбор и да ги застапува младите и да носи одлуки во нивна полза. Од секоја од седумте земји се бираат по двајца претставници, еден младински и еден на институциите. Битно е и што Владите ја создадоа оваа канцеларија, односно тие го дадоа својот потпис и  делумно и ќе ја финансираат. Избраните членови ќе имаат голема одговорност, бидејќи во името на младите и институциите ќе носат одлуки кои треба да резултираат со позитивна промена во животите на младите луѓе во Македонија и во регионот. Канцеларијата ќе биде финансирана од Владите на шесте држави, Европската Комисија и меѓународни организации и се очекува да започне со работа во 2017 година. Ова според невладиниот сектор треба да биде мотив повеќе да се избере квалитетен и пред се професионален претставник на транспарентен начин.

С.Б. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“