26 Април, 2024
0.0279

СТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ ПРОФЕСОР ЗОРАН ИВАНОВСКИ

Финансирањето преку еврообврзница ќе биде многу поскапо од задолжувањето на домашниот пазар

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Новиот Буџет за 2017 година стигна во Собрание. Владата одлучи до распуштање на Собранието на 12-октмоври, пред закажаните избори, да донесе редовен Буџет. Дел од економистите сметаат дека на секој Буџет треба да му претходи дебата особено со академската фела, што во случајот со новиот Буџет изостана.Според новиот Буџет економијата догодина ќе расте со 3 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 3 отсто од бруто-домашниот производ. Високото ниво на тековни расходи кај одредени буџетски корисници сугерира на ефектот на “living institutions”, односно Буџетот се користи само за плати, што е погрешен пристап., вели за Фактор универзитетскиот професор Зоран Ивановски, од Универзитетот за туризам и менаџмент.

„Прво, генерално да објаснам дека основна карактеристика на зрелите демократии е улогата на Парламентот во однос на Владата, a се реализира преку повеќепартиска дебата при негова изработка и донесување, транспарентноста и можноста за јавност во неговото трошење. Обемот на легислативната или парламентарната контрола врз буџетите, варира од земја до земја и зависи од нивото на демократијата во земјата. Таа е најмала кај земјите со мали искуства во имплементација на демократските процеси.Вклучување на Парламентот во планирањето на Буџетот нуди голем број на предности и претставува афирмација на принципите на либералната демократија. Тоа е изразено преку промовирањето на идеите во јавноста, давањето легитимност на владините програми и одобрувања за одредени набавки, инвестиции итн. Процесот на донесување на одлуки преку Парламентот нуди можност за компарација и спротиставување на ставови на позицијата и опозицијата и ја елиминира можноста од донесување на одлуки во мали групи на претставници на власта. Законодавната контрола врз владините програми во себе ја овозможува реализацијата на целите и интересите на дефинирани со стратегијата за економски развој на земјата.За жал, и оваа година изостана дебата при планирањето на Буџетот во кој би бил вклучен и академскиот сектор.

Во однос на проекциите за економскиот раст, можем да истакнам дека во Предлог-Буџетот за 2017 година  воопшто нема приказ на методологијата како е предвиден растот на бруто-домашниот производ (како на пример, регресиони анализи и слично), односно нема релевантни параметри од кои може да се види како е истата утврдена.Исто така, недостасува приказ кои гранки, индустрии, сектори каков удел имаат во растот на националната економија, така што самото наведување на индивидуалните стапки на раст на одделните сектори не може да се смета како целосно релевантно и доверливо при проекциите на растот.

Предлагачот смета дека растот ќе се базира на планираните капитални инвестиции, што во суштина е погрешен економски модел, односно со истото само се истакнува висок степен на недоверба на Владата кон приватните инвестиции, кои во секоја земја се главни двигатели на економскиот раст. Сепак, станува збор за конзистентен пристап на Владата каде државата е главен претприемач во економијата. За промена на ваквиот став треба да се менува економскиот модел, кој до сега го практицира Владата, кој до сега не обезбеди стабилни и одржливи стапки на раст.

Вториот столб на проекциите се базира на странските директни инвестиции (СДИ), што во основа не е погрешно, но сепак е помалку релевантно за македонската економија споредено со унилатералните трансфери (дознаки од наши вработени во странство). Ако се зема во предвид дека СДИ не се ни 10% од дознаките, останува дилемата дали и тука нема грешка во моделот на развој на македонската економија

Во однос на структурата на Буџетот за 2017 година, Владата предвидува раст на даночните приходи од 7,6%  во однос на 2016 година, со што би се обезбедил и во ист процент раст на вкупните приходи, што во услови на раст на економијата од 3% не изгледа остварливо.Расходите ќе растат за 5,5%, од тоа тековните за 3,6% (што сугерира нови вработувања во администрацијата), додека капиталните расходи ќе пораснат за 18% споредено со 2016 година. Капиталните инвестиции ќе пораснат и во структурата на расходите на 13% од вкупните расходи (во 2016 година беа планирани на 12% и не се реализираа), што сеуште е премалку ако се планира динамичен и одржлив економски раст. Добрите практики сугерираат стапки помеѓу 16-20% на капитални инвестиции во вкупните јавни расходи. Сепак, самата стапка не е гаранција и за нивниот квалитет, односно останува клучно прашање за што ќе се трошат. Високото ниво на тековни расходи кај одредени буџетски корисници сугерира на ефектот на “living institutions”, односно Буџетот се користи само за плата, што е погрешен пристап.

Дефицитот номинално ќе се зголеми за 14% во однос на 2016 година, што значи дополнително креирање на долгови на државата. Финансирањето преку еврообврзница ќе биде многу поскапо од задолжувањето на домашниот пазар. Доколку е интенцијата да не се користи домашната акумулација, само би потсетили дека Меѓународниот монетарен фонд и другите меѓународни финансиски институции би одобриле кредити со далеку пониски каматни стапки. Сепак, на тој начин, Владата би ја изгубила “слободата“ во трошењата (особено непродуктивните), што во основа можеби и ни треба во овој момент. Инаку, проекцијата на дефицитот на 3% од БДП треба да биде максималната граница, а не како во изминатите години да се движи околу 4%. Заради тоа, останува сомнението дали првичните проекции ќе се испочитуваат“, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната