26 Април, 2024
0.0262

ФИНАНСИСКИ ФАНТАЗИИ

Објавено во: Анализа 25 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Сите имаме фантазии. Тоа е нормална работа и се надеваме дека може да ни се остварат. Но математшки шансите некои фантазии да се остварат се исклучително мали. Затоа треба да бараме начини како да дојдеме до остварување на фантазиите или барем да се доближиме најмногу што можеме. Како и да е се е подобро од сонување на нешто што не е остварливо. Според едно истражување направено во САД ова се двете најчестите финансиски фантазии (веројатно не се далеку од вистината и кога би се работело за истражување правено кај нас): ДОБИВКА НА ЛОТО Без дилема најлесен начин на богатење и најчеста фантазија од финансиска природа. Сепак, ајде да бидеме реални. Дали верувате дека може да ве удру гром? Епа да знаете дека статистички гледано имате значително многу поголема шанса да бидете удрени од гром отколку да добиете на лото, и и тоа: Шансата да ве  удри гром е 1 во 10.000. Шнсата да добиете лото е 1 во 175....милиони, па сега пресметајте Но тоа е тоа некој има среќа да добие на лото, некој да го удру гром. Каква ти е среќата, како што вика народот. Доколку сакате да се почестите не е лошо да штедите. Знаеме дека ќе речете дека за тоа треба многу време, пари и дисциплина и во право сте. Сепак убаво е да знаете дека одите на сигурно и дека после 20 или 30 години ќе имате солидна заштеда која ќе може да ја трошите во деновите кога треба да уживате. Веројатно нема да не послушате, но така стојат работите БОГАТО МАЖЕЊЕ или ЖЕНЕЊЕ Исто така честа фантазија, веројатно повеќе кај жените. Секој сака да си го најде принцот на белиот коњ да се омажи богато и да живее среќен живот. Иако ќе ви текне можеби на неколку примери верувајте дека тоа не е баш така честа појава. Впрочем има многу повеќе просечни од богати луѓе, па автоматски шансите ви се намалуваат. Исто така многумина велат дека не е се до парите. Значи работете на себе си и на Вашата кариера. Гледајте да бидете независни и да заработувате сами. Секогаш потпирајте се на себеси. Тоа нека ви  биде основен приоритет. За жал немаме бројки да покажеме колкави се шансите да се омажите богато, но веројатно се поголеми од можноста да ве удри гром, така да доколку бирате меѓу лото и богато мажење како начин за решавање на вашите финасии, сепак одете со второто. Редакција Фактор