26 Април, 2024
0.0330

Финансискиот сектор во Македонија останува стабилен

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Стабилен е финансискиот сектор во Македонија  иако има голема несигурност во светската економија, изјави денеска вицепремиерот Зоран Ставрески. На денешната редовна средба меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи тој посочи дека нема системски ризици по овој сектор.

„ Банките и останатите сегменти на финансискиот пазар успеваат да се справат со актуелните предизвици што ги носат европската и светската криза. Се разбира во одделни сегменти имаме движења кои треба да се нотираат и за кои денеска ќе дисутираме. Конкретно во сегментот на финансиски друштва досега се формирани три од кои едно е за издавање и администрирање картички и две се претежно во делот кредитна активност, факторинг и гаранции“, изјави Ставрески и додаде дека од последната средба промена има и на пазарот на капитал со задолжителната котација. „Ќе имаме дополнителни 90 компании кои ќе котираат на Берзата и тоа ќе овозможи колку што е возможно во вакви околности да се зголеми ликвидноста на Берзата и да има повеќе тргување“, додаде вицепремиерот.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димирар Богов рече дека новина е тоа што по измените на законот за банки од пред неколку месеци веќе има три барања од три штедилници за трансформација во финансиски друштва.

„Барањата во НБРМ веќе се процесуирани и веќе постапката продолжува во Министерството за финансии каде ќе бидат разгледани во наредниот период“, рече Богов. И вицепремиерот и гувернерот посочија дека и покрај стабилноста во финансискиот сектор потребна е координација меѓу Народната банка и Министерството за финансии со следење на актуелните состојби, нови идеи за промена на регулативата и останати работи.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат