02 Мај, 2024
0.0256

FireChat: Новата апликација за бесплатно испраќање на пораки во целиот свет

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Не ви треба роаминг, (речиси) не ви треба ни интернет, нема големи сметки - апликацијата „FireChat“ ви овозможува да испратите бесплатно порака до секој агол на планетата.

Апликацијата „FireChat“ е одлична можност за луѓето кои патуваат, бидејќи овозможува да праќате и примате пораки апсолутно бесплатно и без постојана интернет конекција, благодарение на уникатниот принцип на „мрежен прием“. Овој систем работи така што може да ја пренесе пораката од еден до друг телефон (на кој е инсталирана оваа апликација) преку Wi-Fi и Bluetooth антена. Во суштина, сето она што е потребно е вашиот телефон да го споите со друг телефон со интернет, и пораката ќе биде испратена веднаш.

Кога нема врска во близина, пораките се чуваат до моментот кога има услови да бидат испратени. Тогаш, пораката се пренесува од еден на друг телефон, додека не стигне до примачот. При тоа, пораките се криптирани, па нема причина за загриженост дека некои од времените приматели ќе можат да го прочитаат.

На 15 август 2015 година развивачите на „Firechat“ соопштија дека апликацијата за бесплатни пораки користи енкрипција „end-to-end“, за да се обезбеди доверливост на корисниците.

Со оглед на начинот на кој работи, јасно е дека процесот на испраќање на пораката може да трае околу 10-20 минути, но најважно е дека вашата порака ќе стигне каде и да е, без да платите ниту денар.

„FireChat“ стана популарна во 2014 година во Ирак по владините ограничувања за употребата на интернет, а потоа за време на протестите во Хонг Конг. Во 2015 година „FireChat“ исто така беше користен и од корисниците во Еквадор.

Апликацијата „FireChat“ за испраќање на бесплатни пораки е достапна за „iPhone“, исто така и за „Android“ телефоните.