30 Април, 2024
0.0264

ФИРМИ ВНИМАВАЈТЕ НА МЕЈЛОВИТЕ ОД ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ - вешти измамници ги „клонираат“ контактите и лесно ќе ве излажат да им ги префрлите парите

Објавено во: Финансии 19 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Големи меѓународни измами се случуваат со праќање на лажни мејлови до одредени компании. Односно, компании кои соработуваат со свои деловни партнери во странство или во земјава, добиваат фејк мејлови, но кои на прв поглед делуваат многу автентично, бидејќи се со истите имиња од контактите на лицата од фирмите соработници.

Таков обид за измама летово и се случил на една македонска компанија, застапник за продажба на познат бренд од бела техника, но за среќа тие на обидите на измамниците не наседнале. Но, затоа компанија која е нивен деловен партнер од Албанија, токму сега се соочила со истиот проблем, добивајќи наводни нивни мејлови, при што тие „се фатиле“ на лагата и на лажната сметка уплатиле 27 илјади евра.

Од македонската компанија која се соочила летово со ваков проблем сакаат преку Фактор да ја раскажат својата приказна во јавноста, со цел, како што велат, да се подигне степенот на внимателност и кај другите фирми од земјава, за добро да отворат очи и да не бидат прелажани од вакви вешти измаменици, кои се махери за хакирање.

„Ние со години соработуваме со наш партнер од Израел, за кого сме овластени увозници во земјава. Летово од нив добивме мејл порака дека средствата коишто треба да им ги платиме за одредена набавка, наместо да ги уплатиме на нивната досегашна сметка во Израел, која се дотогаш ја користевме, уплатата да ја извршиме на друга жиро сметка, и тоа во Германија“, велат за Фактор од оваа македонска компанија.

Она што е многу чудно, како што објаснуваат, е што дописот што го добиле за барање за промена на сметката, бил толку оригинално направен, што никој не можел на прв поглед да препознае дека станува збор за мејл од лажна адреса, туку сите биле уверени дека се работи за реален мејл од израелската фирма со која со години соработуваат.

„Практично кога ќе го видите дописот, имате чувство дека е буквално од истиот мејл кој дотогаш сте го добивале од вашиот деловен поартнер, од истата мејл адреса. На него стои името и презимето на лицето кое ви е контакт од фирмата со која соработувате. Така што, на прв поглед се делува сосема нормално и регуларно“, раскажува вработена од оваа компанија.

Од македонската фирма не се залетале веднаш да ги уплатат средствата, иако се делувало многу веродостојно.

„Се посомневавме и се прашувавме зошто нашиот деловен партнер од Израел се решава да ја промени сметката, и ни беше чудно зошто да отвори сметка во сосема друга држава. Затоа решивме дека е најдобро телефонски да исконтактираме со лицата кои се вработени кај нашиот деловен партнер, кои ни кажаа дека од нивната фирма воопшто не е испратен тој мел дека тие и натаму продолжуваат да работат со истата сметка. Затоа и ние практично се спасивме и не ги уплативме средствата“, велат од нашата компанија.

Оттаму овој случај не го пријавиле кај надлежните органи во земјава, бидејќи не биле оштетени.

Но, токму сега истата измама и се случува на фирма од Албанија која е деловен партнер на македонската компанија, со лажни мејлови кои кај нив биле испратени како од нашата фирма.

„Во мејловите кои биле испратени како од кај нас, исто така многу автентични на прв поглед, и со имиња од вработени од нашата компанија кои им ги испраќаат мејловите, им било наведено дека ние сме ја промениле сметката, и наведена нова сметка на која треба да се уплатат средствата, исто така во Германија. Албанската компанија која е наш деловен партнер на тоа наседнала и ги уплатила средствата, дури 27.000 евра. Сега тие се обидуваат преку банката да откријат каде всушност завршиле парите, а и преку надлежните органи да се истражи случајот и се обидуваат да си ги повратат средствата, но не е познато дали ќе успеат“, вели вработената во македонската компанија.

Таа апелира до македонските форми кои соработуваат со странски деловни партнери, да бидат многу внимателни, бидејќи очигледно некои меѓународни финансиски криминалци успешно ги вршат измамите.

„Наш совет е за секоја било каква промена што ќе ја забележат во комуникацијата со деловните партнери, дали промена на банкарска сметка, или да има сомнителен мејл, веднаш да се провери преку телефонски контакт со деловните партнери“, велат од македонската компанија.

Според некои познавачи, станувало збор за израз познат како фишинг, или пресретнувачки мејлови, кои „ловат“ и ги прават измамите преку за таа намена отворени сметки, кои потоа ги гасат за да не може да им се фати трагата.

Фактор за оваа тема се обиде да стапи во контакт со директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, но  не успеавме да го добиеме на неговиот мобилен телефон. Него сакавме да го прашаме дали има и други вакви случаи во кои евентуално “наседнале“ македонски компании и што тие како институција прават во такви случаи. Поточно, дали за ваквата меѓународна крминална операција соработуваат со своите колеги од странство со цел што повеќе да ја неутрализираат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција