Фирмите ќе плаќаат пониски казнени камати за даночните долгови
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020
Владата ја намали казнената камата на неплатените јавни давачки меѓу кои и даночните долгови. Каматата се намалува од 0,03 проценти на 0,015 отсто. Новите казнени камати ќе важат од влегувањето на измените на Законот за даночна постапка во сила, до крајот на март следната година.
Овие измени Владата ги усвои на вчерашната владина седница. Намалувањето се прави како дел од четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.