27 Април, 2024
0.0274

Фискална стратегија 2017-2019: Реални или амбициозни проекции?

Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Стратешките документи како што е новата Фискална стратегија 2017-2019 година се носат само за да се исполни законската обврска, сметаат дел од економистите. Според Марјан Николов од Центарот за економски анализи, недостасуваат важни работи во самиот документ, а нејасно е и зошто стратегијата се носи откако новиот Буџет за 2017 година е веќе доставен на усвојување во Собрание, а не претходно.

„Тоа е документ што е всушност предбуџетска изјава, тоа е основна платформа врз која би требало да бидат изградени предлог годишните Буџети од Владата за да можат да бидат усвоени од Собранието. Министерството за финансии го изготви предлог Буџетот за 2017 година, Владата го достави до Собрание за усвојување, а Фискалната стратегија се донесува после тоа. Значи најверојатно во цела Влада ги носат предлог Буџетите по инерција, на интуиција и врз основа на историски податоци. Недостасуваат важни елементи. Значи се добива впечаток дека овие документи се носат само колку да бидат донесени, без да се почитува нивната содржина, ниту пак некој воопшто внимава за конзистентноста на содржината која што е поставена, ниту пак врз основа на кои претпоставки и основи, како Буџетите ќе бидат врзани со стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата“, вели Николов.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ сметаат дека главен ризик за изнесените економски проекции во самата стратегија, е колку овој документ ќе се почитува, ако се има во предвид претходната Фискална стратегија 2016-2018 година, која во голема мера беше промашена.

„Finance Think го оценува овој потег позитивно, откако претходната Фискална стратегија 2016-2018 беше во голема мера промашена. Во таа насока, предвидената фискална консолидација и ставањето акцент врз капиталните проекти за сметка на консолидацијата на тековните трошења е позитивен чекор во насока на намалување на ризиците од потенцијалниот меур на јавниот долг. Со оглед на целосното промашување на претходната Фискална стратегија 2014-2016, останува перцепцијата дека главниот ризик сврзан со позитивните намери на носителите на економските политики изложени во Фискалната стратегија 2017-2019, е ризикот сврзан со нејзиното непочитување. Оттука, Finance Think апелира овој документ да се почитува и спроведува доследно, и најавува дека ќе учествува во мониторирањето на тој процес“, стои во ФТ коментарот на Finance Think.

Јавниот долг во 2019 година ќе достигне 56 проценти од БДП

Во следните три години Владата планира да да се задолжи со 1,7 милијарди евра. А во истиот период треба да се врати долг од скоро една милјарда евра. Со ова тепмо на задолжување, нивото на вкупниот јавен долг во 2019 година ќе достигне 56 отсто од бруто домашниот производ. Неодамна Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд посочија дека во земјите во развој како што е Македонија дека вкупниот јавен долг треба да биде до 50 отсто од БДП. Економистите сметаат дека ова ниво на јавен долг е неодржливо и скапо ќе ја чини земјата.

„Јавниот долг веќе не е одржлив, тоа на секого му е јасно. Она што е важно да го знае јавноста е дека ние едноствано плаќаме превисока цена за јавни услуги кои можат да бидат поевтини, и тоа треба да е предмет на дебата.Но она што е непростливо, е што јавниот долг се користи за билдање на економски раст кој во делот на благосостојба на граѓаните, ама баш ништо не значи“, вели Николов.

Од  „Finance Think“ посочуват дека во стартегијата нема доволно аргументи околу лимитот за задолжување, што создава перцепција дека постои простор за задолжувања.

„Поистоветувањето на одржливото ниво на јавниот долг со Мастрихтскиот критериум од 60% од БДП, без истото да се аргументира во контекст на локалните карактеристики и намената на веќе генерираниот долг, се чини недоволно аргументирано и непоткрепено со податоци. Спротивно на тоа, ваквото дефинирање на лимитот на јавното задолжување може да создаде перцепција дека постои понатамошен простор за задолжување, што може да биде штетно, доколку таквото задолжување не е строго наменско и во приоритетни продуктивни цели“, посочуваат од „Finance Think“.

Според податоците од стратегијата во следните три години е планирано постепено намалување на дефицитот, кој од 2017 година 3% од БДП во 2019 година требаа да биде 2,2% од БДП. Буџетскиот дефицит  ќе се покрива со домашно и странско задолжување за следните три години ќе изнесува 820 милиони евра. Дел од економистите сметаат дека намалувањето е разумно, но се скептични колку проекции ќе се почитуваат. 

Амбициозни или реални приходи?

Вкупните приходи од три милјарди евра во 2017 година, во 2019 година е предвидено да изнесуваат над 3,3 милјарди евра. Догодина расходите се планирани на нешто повеќе од 3,3 милјарди евра, за во 2019 година е предвидено да изнесуваат над 3,5 милјарди евра. Според Фискалнатаа стратегија , реалниот раст на БДП во 2017 година се очекува да изнесува 3%, во 2018 година 3,5%, а во 2019 година 4%. Во стратегијата се наведува дека  трошењата од буџетите ќе бидат насочени кон две компоненти, поддршка на растот на економијата преку инвестирање инфраструктурни проекти и социјална компонента односно одржување на социјалната стабилност и подобрување на животниот стандард на населението, меѓу кои е исплтата на пензиите и социјалната помош.Но никаде во стратегијата не се споменува состојбата со неодржливоста на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување ниту мерки за санирање на состојбата во фондот,иако за ова неодамна предупредија и меѓународните институции. Економистите сметаат нерешавањето на овој проблем може да доведе до кратење на расходите за пензии и поболни реформи во пензискиот фонд.

 „ Зголемувањето на учеството на капиталните во вкупните расходи од сегашното ниво 11.3% на 13.7% во 2019 година подразбира зајакнување на развојната компонента на буџетот. Сепак, во претставувањето на капиталните расходи недостасува дискусија за приоритизацијата, односно зошто се претпоставува дека предвидените капитални трошења ќе имаат најголем ефект врз растот и животниот стандард. Во делот на буџетските приходи, основната претпоставка за отсуство на промени во даночните стапки и даночната политика може да е амбициозна, со оглед дека моменталната поставеност (на системот за социјални придонеси) не придонсува за санација и консолидација на големиот дефицит во пензискиот фонд. Неадресирањето на овој горлив проблем на среден рок може да доведе до потребата од кратење на пензиските расходи или потреба од други, поболни реформи во пензискиот систем“, велат од „Finance Think“.

Тоа што не се посочени мерки за Фондот за ПИОМ според Николов е потврда дека многу работи се пропуштени во стратегијата.

„Тоа што нема ништо за Фондот за ПИОМ е само уште една потврда за работи кои што недостасуваат работи. За вакви стратешки приоритети и цели треба да се гради национален консензус. Не може неодржливоста на јавниот долг на пензискиот фонд да не биде приоритет за граѓаните, граѓанските организации и на позицијата и на Владата. Владата треба да ги повикува сите заинтересирани страни на јавна дебата за да може да се гради консензус за вакви важни прашања.Во изминативе десет години  може да имало добри проекти, но очигледно е дека тие не само што се неодржливи во некои сегменти,  туку и градат платформа и основа за идни конфликти во општеството покрај овие политички конфликти што ги имаме. Тука влегува неодржливоста на квалитетот на јавните услуги, пензискиот фонд, јавниот долг,услугите во делот на здравството, на образованието“, вели Николов.

Во однос на капиталните инвестиции и во следните три години се планираат амбициозни суми за ова ставка, иако и во изминатите години кога исто беа најавени големи суми, никогаш до крајот на годината не се реализираа во целост. А во меѓувреме со секој  ребаланс први на удар за кратење се токму капиталните трошоци. За догодина за оваа намена се предвидени 438,2 милиони евра, а во 2019 година капиталните расходи се позиционирани на скоро 500 милиони евра. 

Т.С


Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат