17 Мај, 2024
0.0270

ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ СТАНУВА РЕАЛНОСТ, првиот член се бара преку оглас, без вработување до месечен надомест од илјада евра

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Почуваат првите подготовки околу формирањето на долгоочекуваниот Фискален совет. Народна банка објави оглас со кој бара лице кое ќе биде дел до советот. Огласот открива дека лицето кое е заинтересирано да биде дел од Фискалниот совет ќе зема две просечни нето плати, што е согласно одредбите во Законот за буџети. Ова значи дека лицето ќе добива месечен надомест околу илјада евра согласно последните податоци за просечната нето плата во земјава.

Точен датум за старт на работата на Фискалниот совет се уште не е утврден, но ова тело се очекува да профункционира годинава.

- Воспоставувањето на Фискалниот совет како независно тело е предвидено со новиот Закон за буџети и се очекува да се воспостави и да почне да функционира во текот на 2023 година. Веќе се преземени иницијални чекори и испратени се дописи до институциите кои треба да предложат членови – велат од Министерството за финансии.

Фискалниот совет ќе се состои од тројца члена, по еден член предлагаат Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Државниот завод за ревизија и Народната банка, а ги именува Собранието. 

- Институциите распишуваат јавен оглас за пријавување заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите предвидени со овој закон за членови на Фискалниот совет. Член може да биде лице државјанин на Македонија кое има соодветна репутација, најмалку високо образование и најмалку десет години соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, јавните финансии, сметководство и ревизијата или друга сродна област – појаснуваат од МФ.

Фискалниот совет за својата работа одговара пред Собранието на пред кое ќе поднесува извештај за својата работа најмалку еднаш годишно до крајот на мај за претходната година.

- Согласно Законот, Фискалниот совет на независна, објективна и професионална основа ќе изработува анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија,за Измената и дополнувањето на Буџетот на државата, Полугодишниот извештај за реализација на буџетот, Завршната сметка на Буџетот и друга документација поднесена пред Собранието или објавена согласно законот – посочуваат од МФ.

Според огласот на Народна банка членот кој ќе го изберат ќе има за задача да изработува анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, за завршната сметка на Буџетот и друга документација. Може, на сопствена инцијатива, и на барање на Влада или Собранието да изработи анализи и мислења за фискалните ефекти на одделни предлог-закони.

-  Доколку постојат забелешки во анализите и мислењата на Фискалниот совет, Владата преку Министерството за финансии треба да подготви одговор во кој ќе се образложат причините за отстапувањата од анализите и мислењата на Фискалниот совет, пишува во објавата на НБ.

Ставовите кои членовите ги изнесуваат во работата на Фискалниот совет или при јавни настапи поврзани со активностите на Фискалниот совет, не претставуваат став на институциите кои ги предложиле.

Сите членови на Фискалниот совет ги вршат своите активности во Советот без засновање работен однос. За нивната активност им се утврдува месечен надоместок во висина од две нето просечни плати исплатени во земјава.

Мандатот на членовите на Фискалниот совет е шест години, без право на повторен избор. Сепак, лицето кое ќе биде предложено за член во првиот состав на Фискалниот Совет на предлог на Народната банка, ќе има мандат од две години со право на повторен избор.

Член на Фискалниот совет не смее да има казна, забрана за вршење професија, да не е пратеник во Собранието, ниту член на Владата. Не смее да е вработен во јавен субјект на државно или на локално ниво, освен - универзитетски професор или вработен во научно-истражувачка институција или времено ангажиран во меѓународна финансиска институција. Кандидатот не смее да е член на органи на политичка партија, ни носител на јавна функција во претходните пет години.

Краен рок за достава на документација за аплицирање за член на Фискалниот совет е 2 март 2023, а по истекот на овој рок НБРСМ ќе формира Комисија која ќе ги разгледа апликациите по однос на нивната форма и комплетност. Таа до Советот на НБ ќе достави список на лица кои ги исполнуваат условите за предлог член во првиот состав на Фискалниот совет, по што ќе донесе Одлука со предлог за именување на член на Фискалниот совет.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници