19 Мај, 2024
0.0267

Фитнес инструкторот Дуле –,,Нема поголема мотивација од видливите резултати на клиентите!”

Објавено во: Стил 25 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

СЦЈС: Kога започнавте да се занимавате со спорт, и дали сте љубител на фитнесот уште од самите почетоци?

Дуле: Мојата прва љубов е фудбалот. Професионално се занимавав од 8 па се’ до 25 години, се’ додека не се здобив со посериозни повреди. Љубовта кон фитнесот се појави сосема спонтано кога започнав да работам со личен тренер за заздравување од повредата со цел да се вратам во првобитната кондиција и форма. Од тогаш, па до ден денес, фитнесот е моја опсесија.

fitnes 2СЦЈС: Која е Вашата задача во фитнес центарот Cybex?

Дуле: Јас сум секогаш на располагање за демонстрација на вежбите, како и за совети за исхрана и здрав живот. Исто така, држам и индивидуални функционални тренинзи во кои вложувам многу труд и напор за клиентот да ги постигне посакуваните резултати.

СЦЈС: Како е да се работи таму? Зошто Спортскиот Центар Јане Сандански е токму Вашиот избор?

Дуле: Ми претставува огромно задоволство што работам во најдобриот спортски центар во земјава. Најдобрите справи за вежбање од Cybex програмата, како и многубројните реквизити, високото ниво на хигиена, професионалноста и љубезноста се работите кои не’ прават број еден во Македонија. Особено ми е драго што соработувам со колеги како Марија Лојаница, Мартин Видоевски и Петар Баснарков, имаме одлична соработка и меѓусебно разбирање. Беспрекорно функционираме како тим, секојдневно учиме еден од друг и разменуваме мислења.

СЦЈС: Како се одвива еден Ваш ден?

Дуле: Секој ден станувам во 6:30 и се подготвувам за утринските лични тренинзи кои ми започнуваат од 7, па се’ до 10 часот. Потоа се враќам дома да одморам и ручам, и повторно се враќам во фитнес центарот до 14 часот каде останувам до 22 часот. Секако, со оглед на тоа што голем дел од денот поминувам на работа, здраво се хранам и внимавам на своите здравје и форма.

fitnes 1 (1)СЦЈС: Која е Вашата најголема мотивација?

Дуле: Мојата сопруга, синот и ќеркичката! Нема поголема мотивација од нив! А, на моето работно поле најголемо задоволство е кога добивам позитивен фидбек од клиентите. Секој постигнат и подобрен резултат, секоја нивна критика и пофалба ми значат многу. Едноставно сакам да сум успешен во она што го работам.

СЦЈС: Што ќе им препорачате на сите?

Дуле: Што и да сакате во својот живот – патување, спорт, мода, сето тоа е поубаво да се доживее доколку имате фит и здраво тело. Вежбањето ве прави среќни, исполнети и ви го отстранува секојдневниот стрес. Ги поканувам сите да дојдат во фитнес центарот Cybex и да се уверат зошто сме најдобри, и ветуваме најбрзи резултати.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“