29 Април, 2024
0.0253

ФИТР: Инвестиции од 2,2 милиони евра во технолошки развој за 33 компании

Објавено во: Финансии 08 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Триесет и три компании кои аплицираа по скратена постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР ќе добијат 2.2 милиони евра, додека самите ќе вложат околу 5 милиони свои средства.

Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над 7 милиони евра, а со овој повик Владата обезбедува до 30%, додека останатите 70 % се влог на компаниите.

Компаниите од Фондот побаруваат 2,2 милиони евра максимален износ што е 73% од вкупниот буџет наменет за овој повик кој во рамките на скратената постапка изнесува 3 милиони евра.

Овој повик е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“), меѓу другото за набавка на опрема, воведување нови производствени линии, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност и сл.

Сите овие проекти имаат за цел воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува и конурентноста на домашните компании.

Поддржаните проекти со кои овие компании сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области од кои доминантно во секторот, трговија и продажба, како и маркетинг, образование, земјоделие, градежништво, енергетика, угостителство и медицина.

Најголем дел од нив се мали (19) и микро (10) претпријатија,  додека останатите се средни (4). Овие компании се од 13 града, од кои во најголем дел од Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Виница и Гевгелија.(http://www.fitr.mk/wp-content/uploads/2020/02/Tabela-Tehnoloshki-razvoj_01.pdf)

За останатите компании кои аплицираа на овој повик, а за кои Комитетот за одобрување на инвестиции смета дека сѐ уште не се подготвени за финансирање имаат можност да одговорат на доставените коментари и препораки од КОИ. За оние кои ќе ја искористат таа можност Комитетот повторно ќе ги разгледа нивните аргументи по што ќе донесе конечна одлука. Оваа новина на Фондот за двонасочна комуникација има за цел подобрување на комуникацијата со апликантите, транспарентност и подобрени услуги.

На повикот по скратена постапка аплицираа 45 компании, а таа беше воведена со цел олеснета процедура за апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање.

Инаку поради големиот интерес, на барање на домашните компании, Фондот го продолжи рокот за аплицирање за јавниот повик за технолошки развој по редовна постапка до 10 февруари 2020 година (до 23:59 часот). Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање на http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/.


Можеби ќе ве интересира

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците