19 Мај, 2024
0.0263

ФИТР: За само 72 часа доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од КОВИД-19

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 546 иницијативи пристигнаа до ФИТР во рамките на јавниот повик КРЕАТОН, наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.

„Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, НВО и компании. Очигледно, и во вакви вонредни околности, креативниот потенцијал и солидарноста се силно изразени во нашето општество“, вели директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Иницијалните бројки покажуваат дека 57% од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43% се поднесени од физички лица. Пристигнатите проекти нудат решенија во седум области - во најголем дел се наменети за образование и едукација, здравство и медицина, ИТ платформи и апликации, но и во доменот на медиуми и информирање, култура, маркетинг, трговија и финансии, како и забава и рекреација. Иницијативите, меѓудругото, опфаќаат решенија за справување со лажни вести, за полесно следење и ажурирање на официјални информациите поврзани со коронавирусот и превентивните мерки, како и следење на состојбата со лицата во самоизолација, дигитални платформи и училници, решенија за квалитетно искористување на слободното време во домот, дигитални книжарници, квизови и игри,  како и решенија за поефикасно работење онлајн и сл.

Јавниот повик е заеднички потфат на ФИТР, Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти, што ќе ја реализираат и евалуацијата на пристигнатите иницијативи.

По првата фаза, за сите предселектирани иницијативи ќе се определат 48 часа за изработка на детален план на активности и предлог буџет. Апликантите  чии предлог проекти ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео – конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализацијакапацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог решенијата треба да се имплементираат во кус рок, и да бидат применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на домашната економја, а како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО