29 Април, 2024
0.0241

Телеком – ваш партнер во дигиталното време

Fleet management – како најдобро да го организирате службениот возен парк

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Денешните бизнис практики бараат сосема нов пристап кон корпоративната мобилност, а претприемачите се под притисок да го одберат вистинското решение за максимално искористување на придобивките на 21 век во корист на нивниот бизнис. Најдобрите компании го должат успехот на паметното и економично менаџирање со ресурсите, намалувањето на трошоците за зголемување на профитот и воведување нови, иновативни мерки во работењето. Една од ваквите мерки е Fleet management – термин кој низ светот станува сѐ попопуларен, благодарение на илјадниците нови бизниси кои се раѓаат секојдневно.

Секоја компанија која поседува возен или машински парк има потреба од контрола, управување, лоцирање и следење на возилата и машините со кои располага. Преку Fleet management решението претприемачите добиваат пристап до сервер за автоматска оперативна контрола на возниот парк, поврзан со GPS уред вграден во секое возило на компанијата. Серверот собира податоци за локацијата, горивото, брзината на движење и слично, кои потоа ги испраќа до Fleet management апликацијата на корисникот. Пристапот до податоците е прилично едноставен, бидејќи сѐ што е потребно е корисникот да има пристап до компјутер поврзан на интернет.


Благодарение на заедничкото имплементирање на GPS (Global Positioning System), мобилната комуникациска мрежа, дигиталните мапи и интернет конекцијата, напредната технологија нуди идеално решение за компаниите кои сакаат да имаат целосен увид над нивниот возен парк. Покрај безбедноста и ефективноста, со Fleet management значително се намалуваат и трошоците во работењето. Преку податоците кои ги овозможува апликацијата, корисникот, односно претприемачот, има целосен увид во начинот на кој вработените го користат возниот парк и ќе биде во можност да го спречи несовесното искористување на компаниските ресурси. На пример, апликацијата за Fleet management поддржува креирање виртуелна гео-граница на областа во која возилото треба да се движи и може да испрати известување доколку истото возило ја напушти оваа граница.

Сите овие и многу повеќе можности сега се лесно достапни преку Fleet management услугата од Македонски Телеком. Без разлика дали се работи за компанија со мал возен парк или пак, голема шпедитерска компанија, месечниот пакет на Македонски Телеком ги покрива Fleet Management услугите во целосен обем.

Во нашата земја голем број компании веќе ги користат Fleet management решенијата како составен дел од бизнисот. Од организирање и менаџирање на возниот парк, преку детално планирање на рутите на патување и заштита на пратките, намалување на потрошувачката на гориво,  трошоците за одржување, намалување на неовластените возења...Fleet management ги оптимизира бизнисите, обезбедува поголема безбедност и контрола врз возниот парк, а со тоа поквалитетна и попрофитабилна работа на компанијата. Иако Fleet management решенијата се добро познати и распространети низ целиот свет, вистинската револуција во ова поле на технологијата допрва започнува!


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг