29 Април, 2024
0.0271

Фод дер Лајен ја надлетуваше границата и вети 700 милиони евра за Грција

Објавено во: Балкан 04 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ЕУ ќе одвои 700 милиони евра, од кои половина директно, за Грција да се справи со новиот бран на илегални емигранти кои сакаат да се пробијат на грчко-турската граница и да навлезат во Европа.. Ова го потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако отпатува за грчко-турската граница заедно со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со другите европски лидери од Брисел, а за време на посетата ги надлетуваа импровизираните бегалски кампови.

„Грчката загриженост е исто така наша загриженост“, рече Фон дер Лајен, фалејќи ја работата на грчките безбедносни сили и Фронтекс. И се заблагодарува на Грција што делува како „штит“ на Европа. Претседателот на Комисијата го опиша деталниот придонес на Фронтекс во заштитата на грчката граница - испраќање на 100 дополнителни граничари, шест пристанишни патроли, два хеликоптери, еден авион и три термални камери. Таа исто така рече дека активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита ќе обезбеди за Грција медицински персонал и материјали, ќебиња, шатори и сè што е потребно.

Од своја страна, претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, исто така, ја изрази својата целосна поддршка за операциите на грчките безбедносни сили, нагласувајќи дека „грчките граници се европски граници“ и дека нивната одбрана „е клучна за иднината на Европската унија“. Говорејќи на Заедничката декларација на ЕУ - Турција рече дека Европа ќе продолжи да го гарантира нејзиното спроведување, но дека „Турција мора да го направи тоа што го вети“.

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли се фокусираше на потребата од заедничка европска миграциска политика. „Многу европски влади се чини дека не го сфатија ова“, забележа тој. 

За време на неговата посета на Еврос вчера, Мицотакис ја повтори пораката до оние на грчко-турската граница: „Не обидувајте се илегално да влезете во Грција, нема да успеете и ќе преземете целосна одговорност за вашите избори“. 

Инаку вчера група бегалци и мигранти, собрани на турската страна од, веќе затворената, граница со Грција, со разни предмети ја нападнала грчката полиција во обид нелегално да влезат во земјата, објавија медиумите кај јужниот сосед, кои говорат за солзавец фрлен од турската кон грчката страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите почнале кусо пред девет часот утрово, а грчката полиција на солзавецот од турска страна, одговорила исто така со солзавец. Во текот на вчерашниот ден, ситуацијата на грчко – турската граница беше релативно мирна, веројатно поради посетата на премиерот на Грција заедно со првите луѓе на европските институции.


Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб