ФОТО: Брод со мигранти потона крај Египет, 42 се удавија
Објавено во: Свет 22 Септември, 2016
Најмалку 42 лица загинаа, а 163 мигранти се спасени по бродолом крај египетскиот брег.
Во бродот патувале најмалку 450 лица, тврдат спасените мигранти.
Тој потонал крај пристанишниот град Розета во делтата на Нил на 12 км од копното. Портпаролот на египетската Министерство за здравство ја потврди смртта на 42 лица.
Меѓу жртвите има 10 жени, едно дете и 30-тина млади мажи, прецизира портпаролот.
Се зголемува бројот на граѓани од Египет кои на овој начин се обидуваат да стигнат во Европа.