(ФОТО) Дали е ова автомобилот поради кој бензинската пумпа летна во воздух?
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Двајца луѓе загинаа, а најмалку 25 денеска се повредени откако во Република Српска близу границата со Србија експлодираше бензинска пумпа.
Експлозијата се случила откако автомобил удрил во апаратот за гас.
Очевидци велат дека автомобил марка „фиат“ е виновен затоа што дошло до експлозијата.
Немилиот настан се случи на бензинската пумпа Нешковиќ. По детонацијата избил пожар.