17 Мај, 2024
0.0800

ФОТО: Дестинации во Европа кои мора да ги посетите…

Објавено во: Стил 28 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Ако уште не сте го испланирале одморот, видете ги овие предлози за прекрасни предели во Европа, кои остануваат скриени за повеќето луѓе.

Фарски Острови во Данска

Името на архипелагот, кој се состои од 18 острови, значи „овчи острови". Тие се наоѓаат меѓу Исланд и Норвешка. Островите имаат студени лета и благи зими. Овчото е главната состојка на повеќето јадења на островите. На територијата на островите живеат речиси 50.000 луѓе од различни националности.

3

Манастир Татев во Ерменија

Тој се наоѓа на работ на стрмна карпа. Изграден е околу 900 година и е опкружен со ѕидини. Денес манастирот е активен, во него живеат монаси и е отворен за посета. Татев се состои од три цркви, капела, наставни простории, библиотека. Манастирот бил од исклучително значење за ерменскиот народ, бидејќи таму се предава наука, религија, филозофија и уметност.

4

Долината на Рајна и Баварските замоци во Германија

Местото има околу 70 замоци и тврдини, кои ве враќаат векови наназад во историјата. На пример замокот Нојшванштајн е најпознатиот замок на баварскиот крал Лудвиг II.

Парк „Триглав" во Словенија

Сместен е во Алпите. Тој е единствениот национален парк во земјата. Во срцето на паркот се наоѓа највисоката планина во Словенија. Таа е симбол на земјата и е дел од националното знаме и грб. Паркот е именуван на името на највисокиот врв на планината - Триглав (2864 м).

Црна Перигор, јужна Франција

La Roque Gageac е убаво селце во регионот Црна Перигор во регионот на Аквитаниа. Се наоѓа по течението на реката Дордон и е дел од листата со најубавите села во Франција.

Лампедуза во Италија

Лоцирана е на 205 километри јужно од островот Сицилија и 113 километри источно од Тунис. Населението брои околу 6 000 жители, кои се занимаваат главно со риболов, земјоделство и туризам. Лампедуза е позната како влезна врата кон Европа за илјадници сиромашни имигранти од Африка.

2