26 Април, 2024
0.0278

(ФОТО) Девет острови за кои малкумина слушнале-а се идеални за одмор без илјадници туристи

Објавено во: Стил 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Секој има слушнато за островите Фиџи, Јамајка, Бермуди ...

Но на светот има многу убави мали островчиња, целосно непознати и неоткриени од туристите. Да, тие нудат сместување, но не се преполни и даваат можност да одмарате во осаменост.

Карипскиот остров Кјурасао е еден од примерите како целосно непознато место до пред 10-ина години а денес ужива над 15 000 туристи на сезона.

Видете 9 острови, кои сепак остануваат скриени за масовните туристи а дури може да не сте слушнале воопшто за нив:

1. Остров Апулит, Филипини

Островот е ненаселен, нема барови, продавници или ресторани. Само варовни карпи и кристално чисти води, полни со различни видови на риби. Сепак таму има туристички комплекс, каде се нуди доволно забава - качување и спуштање со јаже, нуркање, кајакарење.

2. Остров Стокинг, Големата Ексума, Бахамите

Островите Стокинг се дел од Големата Ексума на Бахамите, се состојат од бројни мали острови. Нема пат и возила а до таму се стигнува само со брод. Надоместокот за оваа оддалеченост е осаменост меѓу бели песоци, еко-патеки и различна морска забава.

3. Остров Холбокс, Мексико

На крајот на северниот брег на мексиканскиот полуостров Јукатан се наоѓа ова малку островче, популарно како идеално место за почетници скејтбордисти.

4. Остров Никои, Индонезија

Тука нема како да наидете случајно. Треба да сте гостин со резервирана соба во истоимениот хотел. Но искуството е навистина како целосна изолација од светот. Се наоѓа на источниот брег на Индонезија и на 50 милји од Сингапур. Дестинацијата е популарна за романтичен семеен одмор.

5. Водниот остров, Американски Девствени Острови

Тој е четвртиот по големина од Американските Девствени Острови, со големина околу 500 акри и едвај 160 жители. Има малку ресторани, но нема продавници, јавен транспорт или големи хотели.

6. Ко Хе, Тајланд

Познат е и како "Коралниот остров", по името на блиското одморалиште. Ко Хе (Koh He) се наоѓа на јужниот брег на Нос Пануа, Пукет. Екскурзии до островот за нуркање се нудат на повеќето туристи од Пукет. Тука струјата се обезбедува од генератор и често се случуваат прекини, па нема постојано топла вода, нема и климатизери, ниту Wi-Fi.

7. Малиот Палмов остров, Флорида Кис

До тука се доаѓа со брод, а островот е приватен. Може да се видат диви елени. Има и луксузен комплекс со 30 соби, од кои повеќето се тремови со спектакуларни погледи на океанот. Тој е омилено место за одмор на ѕвездите. 

8. Остров Дерон, Сејшели

До приватниот остров на Сејшелите може да се стигне со 40-минутен лет од островот Махеш. Прекрасни палми, тропска вегетација, и белите песоци ќе ви овозможат уживање за време на одморот. Во локалните летувалишта се нудат спа услуги, има ресторани, барови, базени и големи детски клубови.

9. Остров Мирихи, Малдиви

Тој се наоѓа на Јужниот Али Атол и е еден од најмалите острови на Малдивите. Се наоѓа на 30-минутен лет од Мале. Многу од гостите летаат до блиското одморалиште и потоа патуваат 10 минути со брод за да стигнат на Мирихи. Местото е идеално за парови.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти