03 Мај, 2024
0.0242

ФОТО: Егзотични дестинации за одмор…

Објавено во: Стил 09 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

LonelyPlanet  нуди листа со егзотични предлози за одмор. Изборот е ваш, дали сакате оддалечени архипелази, острови...

Архипелаг Киримбас, Мозамбик

Можете да видите 32-та корални острови на архипелагот со некој од локалните чамци. Можете да уживате во прекрасната глетка на островите, каде нема луѓе, туку само палми и морски желки. А за вечера на плажа ќе ви сервираат вкусна свежа риба.

Остров Тинаре, Бразил

Тинаре се наоѓа само на 90 минути со ферибот од градот Салвадор.  Тука моторните возила се забранети и туристите можат да си приуштат комплетен одмор. Истовремено дел од плажите нудат забава до утринските часови.

ббббб

cccccccccccc

Остров Хост, Хрватска

Само 120 метри долг и 36 метри широк, но сиот ваш! Притоа карпестиот остров се наоѓа само на пет минути пат со брод од пристаништето на островот Вис. Романтичната атмосфера го прави идеален за парови. Една од главните атракции за вљубените е набљудувањето на залезот од светлото изградено во XIX век.

Остров Алгонкин, Онтарио, Канада

Бунгаловите на островот му даваат посебен шмек, а наоколу се носи мирис на бор. Покрај тоа тука туристите можат  да пробаат и подвижна сауна. Пристапот до остров Алгонкин сепак е само со кану. dddddddddddddd