(ФОТО) ЕВАКУАЦИЈА ВО МОСКВА: Луѓето бегаа поради закана од бомба
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Познатиот Баљшој театар во Москва и големиот трговски центар ГУМ во центарот на Москва се евакуирани поради закани за бомба.
Над 8500 луѓе мораа да ги напуштат овие објекти.
Во тек се евакуација на театарот, блискиот луксузен хотел Метропол и трговскиот центар на Црвениот плоштад.
„Евакуација е во тек на плоштадот Театралнаја број 1 поради тревога околу бомба“- рекол извор за Тасс.
Руската агенција пренесува дека зградата се празни и дека полицијата со кучиња-трагачи ќе ги пребарува просториите на театарот.
Ројтерс потсетува дека во последните два месеци во Русија е забележано зголемување на бројот на анонимните телефонски повици, кои предизвикуваат хаос во трговските центри, железничките станици и јавните институции низ цела Русија и дека сè досега се покажало како лажна тревога, а никој не ја презел одговорноста за нив.
Новинската агенција РИА, повикувајќи се на извор од руската полиција, објави дека 5.000 луѓе се евакуирани од стоковната куќа ГУМ и хотелот Метропол.
Во последниве два месеци имаше повеќе лажни дојави за бомби, за кои никој не презема одговорност.