(ФОТО) ГО НАРЕКОА ДВОЈНИК НА ВУЧИЌ: Oва момче сепак не сака да биде политичар
Објавено во: Балкан 16 Септември, 2020
Во хрватската престолнина живее 26 годишно момче кое многу наликува на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Откако дневниот весник „24 часа“ објавил текст во кој извесен програмер по име Борна тврди дека е сличен со Вучиќ, социјалните мрежи се „запалија“ и на Инстаграм за неколку часа тој добил околу 3.000 следбеници.
Вели дека луѓето многу често го застануваат на улица, и дека големата сличност со претседателот Вучиќ ја забележал уште додека бил на факултет. Но, тој не сака да се занимава со политика.
Пред неколку години медиумите во Шпанија открија жена која многу личи на американскиот претседател Доналд Трамп.
Работејќи на текст за заштита на земјиштата од бури, новинарка разговарала со една жена која работи во Галиција, а потоа ја фотографирала и оваа фотографија ја објавила на Инстаграм.
Фотографијата со рекордна брзина почна да се споделува на социјалните мрежи, поради неверојатната сличност на Долорес Леис Антело со Трамп.