ФОТО: Гори бегалски камп на Лезбос - мигрантите избегаа
Пожар изби синоќа во бегалскиот камп Морија на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море.
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2016
Од 3000 до 4000 мигранти избегале од бегалскиот камп откако избувнал пожар. Нема информации за повредени, но огнот ги уништи целосно шаторите во кампот.
Од полицијата се сомневаат дека се работи за подметнување. Грчки медиуми јавуваат дека пожарот бил претходница на немири настанати за време на две протестни акции на мигрантите. На едната страна биле локални жители, кои инсистирале мигрантите да бидат иселени од островот, а на другата страна биле бегалците од кампот кои се собрале на протест поради гласините дека ќе бидат депортирани во Турција.
На Лезбос се наоѓаат скоро 6.000 бегалци.Островот е главна дестинација за бегалци кои дошле од Турција.