19 Мај, 2024
0.0323

ФОТО:Хрват прави чуда од остатоци од храна

Објавено во: Стил 22 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Од вишокот риба и морски плодови, сплитскиот готвач Хрвоје Зиројевиќ прави брашно, чипс и желе со кое ја освои и Бијонсе.

Она што за другите е остаток, за него е гастрономска сложувалка. На ваков начин се осмислени стотици нови јадења. Со своите специјалитети овој готвач одушевил многу познати музички и спортски ѕвезди.

d43aa7673bd6cdad2d3c

„Мојата филозофија е да се искористи што повеќе од свежите квалитетни намирници, а често и од деловите кои луѓето ги фрлаат. Тие можат да се ароматизираат со маслиново масло, а од остатоците од риба да се направи вкусен чипс. Освен тоа, овој пристап кон намирниците финансиски не е занемарлив“ - вели готвачот.

Лушпите од репа ги пече и ги меле, по што од нив прави брашно кое може да се употреби како додаток за разни јадења.

75dba1af987fda576e20

Кожата од рибите вели дека не мора да се фрла, туку да се попари, испржи и да се послужи како чипс.

Морската вода тој ја користи за готвење како што тоа го правеле старите рибари.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“