(ФОТО) ИКЕА лансираше велосипед, цената „ситница“ – дури 700 евра!
Објавено во: Стил 04 Август, 2016
Во продавниците на ИКЕА ширум Европа од август ќе се најдат во продажба и “sladda” велосипеди, прво од производната линија на овој трговски гигант.
Велосипедот кој е измислен во унисекс варијанта го потпишале дизајнерите Оскар Џулин, Јан Пауранен и Кристан Еке, наменет е за возрасни деца постари од 12 години, а доаѓа во бела боја, препознатлив минималистички дизајн и без стандареден ланец.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Bikenessworld/status/755305359833792512?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]“Sladda”, што во превод од шведски јазик значи „да се лизга“ е наменет за урбано возење, а со алуминиумска рамка и гаранција од дури 25 години. Веќе освои Red Dot Design, а може да се прилагоди на сопствени потреби со дадатно купување на корпичка или мини приколка.
Во земјите во кои веќе е во продажба, цената на ИКЕА велосипедот се движи од 449 евра за членовите на Икеа family програмот, додека „нормалната“ цена стигнува и до 750 евра.