26 Април, 2024
0.0262

(ФОТО) Има 27 години и ги посетила речиси сите држави во светот

Објавено во: Стил 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Кеси де Пекол има само 27 години, но веќе создала историја. Таа е првата жена која ги посетила сите 193 суверени држави во светот, како и Косово, Тајван и Палестина, кои не се признати од целата меѓународна заедница.

Касандра е од Конектикат, САД. Кога имала околу 20-години, таа направила далечно кратко патување - посетила 26 земји. Потоа се вратила дома и почнала две работи со вкупно 85-часовна работна недела. Била слаба. Еднаш, на одење кон работа, едноставно престанала и си купила карта на светот. 

„Се ужаснував секој пат кога си замислував како ќе се чувствувам на 80 години, ако не сум го остварила својот сон да патувам“, вели Касандра.

Таа го остварува своето патување од името на Меѓународниот институт за мир преку туризам, на кој е претставник. Целта на Институтот е да „стане туристичката индустрија во постапка за справување со сиромаштијата“.

Авантурата е наречена „Експедиција 196“. Траела 18 месеци и 26 дена. Касандра заминува на 24 јули 2015 и го завршува патувањето на 2 февруари 2017 година. Целиот потфат чини 198 000 долари. Парите доаѓаат од спонзори.

Што му претстои на човек кој бил во целиот свет? Касандра не се откажува од своите авантури, а следната нејзина дестинација е Антарктикот.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти