(ФОТО) ИНЦИДЕНТ ВО ИСТАНБУЛ: Авион се расцепи на два дела
Објавено во: Балкан 05 Февруари, 2020
Авион во Турција излета од пистата и се скрши на два дела.
Патнички авион излета од пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул.
Авионот на лет од Измир излета од пистата за време на слетувањето, и се расцепил.
На местото се испратени противпожарни и полициски екипи.
Сите летови кон „Сабиха Гокчен“ се пренасочени кон Истанбулскиот аеродром.
Засега нема информација за повредени. Сите 183 луѓе се спасени.